ЛЕКАРИТЕ ВО СЛОВАЧКА ВО НЕЗАВИДНА ПОЛОЖБА: Mоже да им се забрани да протестираат за ниските плати
Објавено во: Свет 12 Декември, 2024
Словачка кубури со лекари.
Словачкиот парламент го одобри законот со кој на лекарите може да им се забрани да протестираат за ниските плати и да ги принуди да продолжат да работат.
Имаше масовна закана за откази. Се работеше за 3.000 лекари од болниците во земјата, кои рекоа дека ќе се откажат на почетокот на следната година поради, како што велат, ниските плати, недостигот на персонал и други проблеми со работната сила, пишува Euronews.
Законот ѝ дава на владата овластување да прогласи вонредна состојба во случај кога здравствената заштита не е достапна. Лекарите тогаш би биле обврзани да работат бидејќи нема да се почитуваат нивните оставки, а одбивањето да работи може да резултира со затворска казна. Вонредните мерки може да траат и до 120 дена.
Лекарите протестираа затоа што владата не разговараше со нив за суспендирање на планот за 2022 година, кој имаше за цел да им ги зголеми платите во следните две години.
foto freepik.com/