Лекарка од Хрватска објасни зошто и млади луѓе умираат од корона
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 17 Декември, 2020
Хрватска лекарка објаснува зошто и млади луѓе умираат од коронавирусот.
Алемка Маркотиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести, изјави дека повеќето пациенти кои имаат тешка клиничка слика имаат повеќе причини за тоа. Нагласува дека е важно заболените во рана фаза да побараат помош.
„Постарите лица се ризични. Но, и луѓето кои имаат други болести се ризични како на пример лицата со карцином, бубрежни болести, луѓето со проблеми со срцето, луѓето кои имаат имунолошки проблеми, оние кои биле на трансплантација, бремените жени, пушачите, лицата кои имаат белодробни заболувања и слично. Она што често го гледаме меѓу тешко болните и младите е прекумерната тежина. Тоа е кај нас и во светот еден од важните ризични фактори, особено ако индексот на телесна маса е над 30. Ризикот кај таквите лица е од 30 до 50 отсто“, вели Маркотиќ.
Објаснува дека кај пациентите со прекумерна тежина има и други фактори за смрт, како проблеми со згрутчување на крвта, болни кои имаат тромбоза и белодробна емболија.
„Лицата со прекумерна тежина мора да бидат внимателни“, додава Маркотиќ.
Хрватска има нов ковид рекорд. Во последните 24 часа има 85 починати и 3.918 новозарзени лица со коронавирусот.„Бројот на новозаразени и смртни случаи од коронавирусот во Хрватска е се уште многу голем, но охрабрува фактот дека во последните седум дена има 6,5 проценти помалку заразени“, изјави денеска премиерот Андреј Пленковиќ.
Тој за утре најави пакет нови мерки за спречување на ширење на вирусот. Вели дека мерките треба да се олеснат за шест месеци додека не пристигне вакцината и додека не се вакцинира поголемиот дел од населението.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.