26 Април, 2024
0.0282

ЛЕКАРСКИ ЕГЗОДУС: Македонија ни го одзеде достоинството!

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Македонија ја тресе лекарски егзодус. Не е од денес или од вчера, од пред неколку години е.

Погрешните реформи и политики го водат здравството на погрешен пат, а илјаднници лекари заминаа со билет во еден правец.

Последните бројки се поразители и алармантни.

Дојче Веле пренесувајќи го заклучокот на регионалното истражување на „Healthgrouper“ спроведено во Македонија, Косово, Србија и Албанија пишува дека 600 лекари заминале од Македонија и тоа само во последниве пет години. .

Дури 70% пак од оние што се` уште се во Македонија размислуваат истото да го направат во следниот период доколку за тоа им се укаже шанса, а 90% од оние што заминале никогаш не бисе вратиле назад. 

Причината за лекарскиот егзодус-економски и професионален аспект, но големо влијание има и политичката состојба.

Шпанија ми го даде тоа, што во Македонија можев само да го сонувам!

Неодамна имавме контакт со 31 годишниот доктор од Скопје, Горан Анастасовски, кој специјализирал интерна медицина во регионалната општа болница Матаро (Consorci Sanitari del Maresme, Hospital de Mataró )

Кога го прашавме зошто се решил на одење во странство, дали мисли дека се исплати да го напушти домашното здравствоАнастасовски вели:

Додека живеев во Скопје по завршувањето на студиите моите опции беа дали да седам дома или да земам приватна специјализација, која чини меѓу 8 и 10 илјади евра, а која ниту јас ниту моите родители можевме да ја покриеме. Секако постоеше опција и за волонтирање, но без никаков надоместок.Со оглед дека мојата сопруга е по потекло од Шпанија се решивме да заминеме таму, бидејќи постои можост да работам и паралелно да специјализирам, опција која ја нема во македонското здравство. Двата услова за да работам во Шпанија, беа тест за шпански јазик, и тест за медицинско знаење (MIR), критериуми кои се исти за сите без разлика на националноста. Од 13 илјади пријавени јас бев 4500 – ти, со што добив бесплатна државна специјализација по мој избор, а со тоа и вработување во времетраењето на истата. 

Лекарска исповед: Плачам додека пишувам, но Македонија ми го одзеде достоинството!

Во Македонија лекарите посесивно ги партизираат, во Германија ги ценат знаењето, вештините и односот кон клиентите. Ова е првата паралела на искуствата и медицинскиот амбиент на македонска докторката  Д.А. која во последен момент побара од редкацијата на Фактор да не се објавува нејзиниот идентитет стравувајќи дека може  да има одредени последици врз семејство . Нашата соговорничка  д-р Д.А. е една од 600 македонски лекари кои ја искористија  шансата за професионално и работно емигрирање барајќи ја својата перспектива и професионална сатисфакција во една од германските клиники. За Фактор,  вели дека ни на крај памет  не и паѓа да се врати во Скопје од каде што и потекнува.  По завршувањето на студиите на Медицинскиот факултет во Скопје очекував дека ќе ми се отворат сите врати. Наместо тоа, тропав на многу врати, добивав секакви непристојни предлози во замена за решение за работа, барање пари, неизбежното зачленување во партија , но сите тие условувања за мене беа подеднакво навредливи. “ Камо порано да го учев германскиот”, ја прикажува за Фактор својата приказна  д-р Д.А. 

Што било пресудно да одлучи да замине од земјата и веќе неколку години да работи како лекар-специјалист во една клиниките во Германија?

За човек кој што е пораснат во Скопје, од каде што потекнува моето семејство и каде ми се пријателите, каде што го завршив основното, средното и високото образование, и не сум била подолго разделена отколку за еден одмор, мора да признаам дека тоа беше најтешката одлука во мојот живот. Ама јас навистина немав друг избор. По завршувањето на студиите на Медицинскиот факултет во Скопје очекував дека ќе ми се отворат сите врати, па лекар сум, треба да ја извршувам најхуманата и најценетата дејност, но не знаев дека тоа ќе биде всушност почеток на проблемите. Следеа цели седум години обид да се вработам, конкурирав на сите можни објавени конкурси за работа, тропав на многу врати, одговорите беа различни: добивав секакви непристојни предлози во замена за решение за работа, барање пари, неизбежното зачленување во владејачката партија. 

Ниту една од овие работи не ми паѓаше на крај на памет да ја направам и сите ми беа подеднакво навредливи. Во меѓувреме започнав со приватна специјализација (Приватна специјализација - значи дека сама се финансирав, а само специјализацијата чини 8000-10000 евра, плус секојдневните трошоци за храна и превоз), што уште повеќе ги отежнуваше условите за вработување, затоа што не смеете да работите како матичен лекар додека специјализирате. Севкупниот мој живот, не само образованието, на мои 30 години со завршено високо образование, и тоа Медицински факултет, сеуште беше на грбот на моите родители. Подоцна работите се сменија, татко ми ја напушти работата, па од финанскиски аспект специјализацијата не можев да ја завршам, работа не можев да најдам, седев дома

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот