19 Декември, 2025
0.3467

Леонид две недели е во Виена, а ФЗО му го одби барањето за лекување

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2024 13:58

Добивај вести на Viber

Во неизвесност е лекувањето на младиот Леонид Индов кој пред две недели со медицински транспорт со хеликоптер е префрлен во Клиниката во Виена за оперативен зафат, откако денеска заменик народниот правобранител Јован Андоновски објави дека Фондот за здравствено осигурување го одбил барањето.

„СРАМОТА! Откако претставници на државни институции се испофалија дека младиот Леонид е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, следува шок за него и семејството. Леонид веќе е неколку недели на лекување во Виена

Фондот за здравство и покрај конзилијарното мислење дека лицето мора да се лекува во странство, носи решение со кое се одбива барањето. При тоа, во решението воопшто не се наведува која установа ја нуди потребната услуга, туку само дека лекувањето е можно во Македонија. Државата си игра со човечки живот. Барам ФЗО да ја преиспита одлуката“, објави правобранителот на социјалните мрежи.

Инаку, транспортот на Леонид до Виена беше прв од таков вид во државата. Опремата на медикоптерот е донација од Европската Унија, а лекарски тим од „8ми Септември“ го придружуваше 19 годишниот Леонид се до клиниката во Австрија.

Осумнаесет годишниот Леонид Индов летово доживеа тешка несреќа што предизвика сериозна повреда на рбетниот мозок. Во октомври со квадриплегија беше префрлен во Клиничката болница Жан Митрев каде ја доби најдобрата нега и по 4 месечниот третман има подобрување на дел од функциите, како зборување и самостојно голтање, за кои не е веќе потребна помош од машини.

За Леонид со месеци се собираа средства бидејќи операциите и третманот за ваков вид повреда беа многу скапи. Тој беше опериран во болница во Солун каде беше пренесен веднаш по несреќата. Од повредата не можеше да ги движи рацете и нозете. Леонид Индов е ученик во математичко информатичката гимназија, каде ги развивал своите таленти и вештини во областа на информатиката и истражувањата. Лео има повеќе интернационални успеси а добил и прво место на меѓународен натпревар НАСА за развој на апликации.





Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот