Леонид две недели е во Виена, а ФЗО му го одби барањето за лекување
Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2024 13:58
Во неизвесност е лекувањето на младиот Леонид Индов кој пред две недели со медицински транспорт со хеликоптер е префрлен во Клиниката во Виена за оперативен зафат, откако денеска заменик народниот правобранител Јован Андоновски објави дека Фондот за здравствено осигурување го одбил барањето.
„СРАМОТА! Откако претставници на државни институции се испофалија дека младиот Леонид е транспортиран со специјализираниот хеликоптер на лекување во Виена, следува шок за него и семејството. Леонид веќе е неколку недели на лекување во Виена
Инаку, транспортот на Леонид до Виена беше прв од таков вид во државата. Опремата на медикоптерот е донација од Европската Унија, а лекарски тим од „8ми Септември“ го придружуваше 19 годишниот Леонид се до клиниката во Австрија.
Осумнаесет годишниот Леонид Индов летово доживеа тешка несреќа што предизвика сериозна повреда на рбетниот мозок. Во октомври со квадриплегија беше префрлен во Клиничката болница Жан Митрев каде ја доби најдобрата нега и по 4 месечниот третман има подобрување на дел од функциите, како зборување и самостојно голтање, за кои не е веќе потребна помош од машини.
За Леонид со месеци се собираа средства бидејќи операциите и третманот за ваков вид повреда беа многу скапи. Тој беше опериран во болница во Солун каде беше пренесен веднаш по несреќата. Од повредата не можеше да ги движи рацете и нозете. Леонид Индов е ученик во математичко информатичката гимназија, каде ги развивал своите таленти и вештини во областа на информатиката и истражувањата. Лео има повеќе интернационални успеси а добил и прво место на меѓународен натпревар НАСА за развој на апликации.
Можеби ќе ве интересира
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска




