21 Април, 2025
0.0710

ЛЕТ ДУБАИ-СКОПЈЕ: Николоски договара отварање на најмалку два лета

Објавено во: Економија 15 Април, 2025 13:17

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, кој со владина делегација е во посета на Обединетите Арапски Емирати, објави дека се договараат летови со Ер Арабија. 

Николоски вели дека туризмот, инфраструктурата и образованието се секторите на соработка на кои се фокусираат.

-Имаме бројни средби ќе потпишеме неколку договори за економска соработка. Зборуваме и за директно спојување, веќе имаме договор со Флај Дубаи за лет Дубаи - Скопје кој наскоро треба да започне, а зборуваме и со Ер Арабија за отворање на најмалку два лета од кој еден се надевам дека ќе биде кон охридскиот регион со што дополнително би се развил туризмот, изјави Николоски.

Делегацијата предводена од премиерот Христијан Мицскоски денеска реализирала средби со бизнис коморите во емиратите Шарџ и  Дубаи.

- Зборуваме за можностите за инвестиции во Македонија во делот на инфрструктурата, туризмот, во делот на земјоделието. Зборуваме за големите можности што ги носи туризмот во Македонија и планинскиот и езерскиот. Исто така за коридорите 8 и 10 кои се значајни за поврзување за цела Европа, не само за Македонија, ги презентираме пред стопанските комори во Обединетите Арапски Емирати како начин да привлечеме инвеститори во Македонија. Исто така и политичкиот дел на посетата е исклучително значаен, имавме ислучително добра средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, во текот на утрешениот ден ќе имаме средба со премиерот, а денеска на ниво на министри ќе бидат потпишани неколку значајни договори за економска, образовна и туристичка соработка, што ќе  придонесе за уште побрз развој, рече Николоски. 

Со овие средби,  вицепремиерот, се надева дека ќе се привлечат инвеститори во Македонија, ќе се отворат нови добро платени работни места и државата може да напредува. 

Владината делегација ја почна официјалната посета на ОАЕ вчера со средба со претседателот на ОАЕ и владетел на Емиратот Абу Даби, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан. Предвидени се средби и со шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетел со Дубаи, потпретседател и премиер на ОАЕ, со претставници на развојниот холдинг на Абу Даби, со државната „Мубала“ инвестициска компанија, како и „Масдар“ државната енергетска компанија, и на неколку стопански комори, со цел разгледување на можности за соработка во инфраструктурни проекти, инвестиции во агро-бизнисот, обновливи извори на енергија, туризмот, иновации и современа технологија.

Во состав на делегацијата се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, генералниот секретар на Владата Игор Јанушев, како и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Гоце Димовски, националниот координатор за туризам Аккан Махмут и претставници на неколку државни институции.


Можеби ќе ве интересира

ВОЛВО ОТПУШТИ 800 ЛУЃЕ ВО АМЕРИКА: „Жалиме што моравме да ја преземеме оваа акција“

ВОЛВО ОТПУШТИ 800 ЛУЃЕ ВО АМЕРИКА: „Жалиме што моравме да ја преземеме оваа акција“

ПРЕДВЕЛИГДЕНСКО „ЧЕШЛАЊЕ“ НА МАРКЕТИТЕ: Еве што открива Агенцијата за храна и ветеринарство

ПРЕДВЕЛИГДЕНСКО „ЧЕШЛАЊЕ“ НА МАРКЕТИТЕ: Еве што открива Агенцијата за храна и ветеринарство

ГОЛЕМА ПОБУНА ВО ГЕРМАНИЈА ЗА НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД БАЛКАН: „Без нас ве нема и вас“

ГОЛЕМА ПОБУНА ВО ГЕРМАНИЈА ЗА НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД БАЛКАН: „Без нас ве нема и вас“

ОВА ВЕЌЕ ПРЕДИЗВИКА ЗАГРИЖЕНОСТ: Уште една човечка функција пропадна заради вештачката интелигенција

ОВА ВЕЌЕ ПРЕДИЗВИКА ЗАГРИЖЕНОСТ: Уште една човечка функција пропадна заради вештачката интелигенција

ЗА ГОДИНАВА: Третина од германските компании очекуваат намалување на работните места

ЗА ГОДИНАВА: Третина од германските компании очекуваат намалување на работните места

„ЦЕЛОСНО НЕУПОТРЕБЛИВА АЛАТКА, ОСУДЕНА НА ПРОПАСТ“: СДСМ со остра реакција за мерката за објава на цените

„ЦЕЛОСНО НЕУПОТРЕБЛИВА АЛАТКА, ОСУДЕНА НА ПРОПАСТ“: СДСМ со остра реакција за мерката за објава на цените

СТАНОВИ, ГАРАЖИ ИЛИ ЗЕМЈИШТЕ: ШТО НОСИ НАЈМНОГУ ПРОФИТ? Еве каде да инвестирате 100.000 евра

СТАНОВИ, ГАРАЖИ ИЛИ ЗЕМЈИШТЕ: ШТО НОСИ НАЈМНОГУ ПРОФИТ? Еве каде да инвестирате 100.000 евра

„ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА Е НАШ ПРИОРИТЕТ“: Живковски вели сите постапки ќе бидат онлајн, но шалтерите остануваат активни

„ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА Е НАШ ПРИОРИТЕТ“: Живковски вели сите постапки ќе бидат онлајн, но шалтерите остануваат активни

„ОДЛАГАЊЕ НЕМА ДА ИМА“: пазарниот инспектроат на терен, проверуваат дали се применува мерката за објава на цените на Интернет

„ОДЛАГАЊЕ НЕМА ДА ИМА“: пазарниот инспектроат на терен, проверуваат дали се применува мерката за објава на цените на Интернет