Летни кредитни освежувања од Стопанска банка
Објавено во: Мои пари 12 Јуни, 2014 10:33
Како Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар, која во своето работење и суштински се води според мотото „на ваша страна“, Стопанска банка АД - Скопје и за ова лето подготви освежувања на својата кредитна понуда со дополнителни поволности. Имено, за сите поднесени или одобрени барања за Станбен кредит до 31.08.2014 година покрај гарантираните каматни стапки за првите 5 години Банката нуди и значително олеснување односно 0 денари за административни и трошоци за процена. Што севкупно, го прави овој кредитен производ особено поволен и атрактивен за сите оние кои посакуваат сопствен дом. Додека за сите оние кои ова лето сакаат да инвестираат во реновирање и опремување на својот дом, Стопанска банка ги подобри и условите за кредитирање на потрошувачките кредити до 10.000 евра, кои се без обезбедување, достапни за само 30минути од поднесување на барање во филијалата, и со 0 денари за административни трошоци до 31.07.2014. Дополнителна поволност добиваат и клиентите кои ќе аплицираат за MASTERCARD кредитни картички до 31.08.2014 година, кои ќе добијат 0% каматна стапка за сите купувања направени до крајот на септември. Со оваа комбинација на поволности кај кредитните производи, Банката се приближува до потребите на клиентите, ги олеснува првите чекори во добивање на кредит и ја поттикнува кредитната експанзија во претстојниот период. Советниците за кредитирање се достапни во филијалите на Банката со детални информации за секој производ, но и препораки и совети за избор на тип на кредит кој најдобро одговара на буџетот, потребите и можностите на клиентот.
Можеби ќе ве интересира
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“




