18 Декември, 2025
0.0760

Летниот и зимскиот одмор во Маврово, подостапни од било кога

Објавено во: Мои пари 26 Јули, 2016 16:08

Добивај вести на Viber

Во Маврово, на падините на прекрасната Бистра, се наоѓа новоизградениот Станбен комплекс Маврово. Со поглед кон Мавровското езеро и зелените предели на планината, комплексот нуди единствени поволности за идните сопственици. На само 150 метри од скијачките терени, се наоѓа прибежиштето од градската бучава, местото за бегање од секојдневието, викенд и одмор дестинација. Погледот кој воодушевува и мирисот на планината кој ги полни градите им овозможува на идните сопственици потполна оаза на релаксација и мир. Комплексот исто така претставува одлично место за љубителите на зимските спортови и планинскиот одмор.

Mavrovo_Pelagonija 3

Становите се исклучително достапни со почетна цена од 600 евра по метар квадратен и се нудат во повеќе големини: од 30 до 50 метри квадратни, во објект кој е енергетски ефикасен и опремен со висококвалитетни производи од Германски производители. Комплексот располага со 150 апартмани со приватен паркинг достапен за сопствениците на станови и нивните гости, а  истите се достапни по принципот „клуч на рака“ и се нудат со поволни можности за плаќање, на рати преку повеќе банки, а овозможени се дополнителни бенефити за плаќање во готово. Комплексот ќе биде потполно завршен и вселив до декември 2016 година.

Комплексот, чиј изведувач е градежната компанија Пелагонија АД Гостивар, претставува инвестициска можност за секое семејство кое сака одмор и релаксација во секое време од годината. Без разлика дали сте љубители на зимските спортови и сакате секојдневно уживање на Мавровските терени, по што ќе се опуштите во вашиот втор дом, или пак сакате да уживате во планинарење, риболов, параглајдерство, јавање во текот на пролетните, летните и есенските месеци, Станбениот комплекс Маврово е совршен избор за вас и вашите најблиски.

Mavrovo_Pelagonija 2

Затоа, не чекајте. Направете ја оваа инвестиција уште веднаш и уживајте во мноштвото придобивки од поседувањето на дом во срцето на Мавровската природа.

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?