Левица: Да се стави крај на дворските игри, пратениците се на потег
Објавено во: Македонија 01 Март, 2017 19:41
Левица смета дека претседателот Иванов излегол од уставните надлежности, но сега пратениците имаат можност да го конституираат Собранието бидејќи тие се на потег.
- Согласно член 90 од Уставот, претседателот на РМ го доделува мандатот на кандидат на партија, односно партиите што имаат мнозинство, но во рок од десет дена ПО КОНСТИТУИРАЊЕТО на Собранието. Конституирањето на Собранието согласно Деловникот на Собранието завршува со избор на претседател и потпретседатели на Собранието. За избор на претседател и потпретседатели е потребно мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, исто колку што треба и за избор на Влада. На тој начин претседателот ќе знае кој има мнозинство и кому да го довери мандатот.
Претседателот не само што го довери мандатот пред да се конституира Собранието,туку прво почна да измислува некои нови правила со потписи, па потоа проблеми со рокови и слични работи. Од друга страна, пратениците се должни да го конституираат Собранието. За тоа да се случи пратениците треба само да го почитуваат Деловникот и да си ја завршат обврската, која произлегува од истиот и за која беа изгласани. Тие од една страна упорно не си ја завршуваат работата, а од друга страна пратеничките плати веќе ја чинат државата над 20 милиони денари (300 илјади евра)
Затоа #Левица ги повикува пратениците да ги испочитуваат Уставот и Деловникот и да го конституираат Собранието(тие се на потег), а претседателот потоа да го предаде мандатот, овојпат согласно Уставот, и со тоа да се стави крај на овие тактизирања и дворски игри, сметаат од Левица.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




