Левица го изгубила судскиот спор против Џабир Дерала, објави Сарачини
Објавено во: Македонија 03 Март, 2020 07:30
Партијата Левица го изгубила судскиот спор против основачот и раководител на Цивил, Џабир Дерала, објави новинарот Петрит Сарачини на својот фејсбук профил.
„Ви се пофали ли Апасиев дека Левица го изгуби судскиот спор против Дерала, и зошто за епилогот не известија медиумите што известуваа за спорот“, пишува Сарачини.
Тој натаму потсетува дека Димитар Апасиев, кој е лидер на Левица, е екссоветник на поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева.
„Ви се пофали ли Апасиев, ексоветникот на Катица, легенда на правната мисла во библиска Македонија, дека неговата Левица го изгуби судскиот спор по сите основи, дека им падна глупавата тужба против Џабир Дерала, со која со недели тераа јавна хајка против него и Цивил?
Еве неколку дена пресудата ја има, постои, но за неа не известија медиумите, кои со денови го прогонуваа Дерала за овој ‚случај', во име на ‚јавниот интерес'“, вели Сарачини.
Тој нагласува дека, како што вели, го разбира другарот Џабир што не се пофалил.
„Стара витешка школа, не сака да „клоца“ поразени. Но, за овој пораз на Апасиев се уште нема пофалба ниту од медиумите што со толкаво внимание го следеа ‚случајот'“, пишува Сарачини.
Инаку, како што објавуваа дел од медиумите, партијата Левица одлучила да го тужи за клевета Џабир Дерала од Цивил, за два негови написи на порталот Цивил Медиа, за што тој сметал дека е антидемократски потег, односно дека е недемократски партија да тужи, за вредносен суд или став.
Според Апасиев, пак, во случајот воопшто не сатнувало збор за вредносен суд или став, туку перманетна црна пропаганда и лажни вести против партијата, со која Дерала се обидел да ги прикаже како проруска и антиалбанска партија. Изјавил дека пред да тужат побарале јавно извинување, но Дерала не прифатил.
Можеби ќе ве интересира
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска




