Левица на средба со ОБСЕ за Упатството на АВМУ со кое за нив нема средства за рекламирање
Објавено во: Македонија 29 Септември, 2025 09:46
Адвокат Катерина Јовановска - како претставник на правниот тим на Левица, оствари средба со Радивоје Грујич - правен аналитичар во ОБСЕ-ОДИХР, информираат од партијата.
„На средбата се дискутираше за правните механизми кои Левица како политичка партија досега ги презема во врска со контроверзното Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025 година донесено од ААВМУ, со кое ПП Левица е директно оштетена на начин што и е забрането политички да се рекламира на медиумите во текот на целата кампања, како и за правните чекори кои Левица ќе ги преземе во иднина со цел заштита на своето уставно право на политичко организирање и дејствување“, стои во нивното соопштение.
Од Левица повторно најавија дека ќе водат постапка и во Стразбур, ако нема одговор од македонските институции.
„Средбата беше многу конструктивна и двете страни изразија желба за понатамошна соработка со цел навремено информирање во однос на исходот од судските постапки, како и постапките кои што се водат пред другите надлежни институции во Република Македонија и евентуално пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур“, велат од Левица.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




