05 Декември, 2025
0.0424

Левица: „Народните избраници мора конечно да обезбедат услови во Собранието да се слушне гласот на родителите кои бараат правда“

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2025 09:51

Добивај вести на Viber

Остра реакција испратија утрово од опозициската партија Левица поврзано со обидите да се закаже седница во Собранието за трагедијата во Кочани. 

- Левица ги смета за деструктивни и арогантни обидите на ВМРО-ДПМНЕ за уште едно саботирање на закажаната седница на собраниската Постојана анкетна комисија за човекови права и слободи. Оваа седница е свикана по претставка на родителите на трагично загинатите деца од Кочани и истата е закажана за 9 декември 2025 година (вторник).

Ја информираме јавноста дека овој датум е одбран во претходна координација со родителите, кои ќе се обратат на закажаната седница и дополнително, се работи за единствен ден кога не е закажано судско рочиште за трагедијата во Кочани.

Пратениците од власта безобразно манипулираат дека терминот не е соодветен, затоа што во Собранието започнувала расправата по предлог-буџетот. Ваквите изјави се тенденциозни и невистинити, затоа што буџетската расправа трае пет дена, што е повеќе од доволно за да се исцрпи целата дискусија - напоменуваат од Левица. 

Од партијата додаваат дека веќе имало дури три обиди да се закаже седница за трагедијата во Кочани, но сите биле саботирани од спикерот Гаши во координација со ВМРО-ДПМНЕ! 

- Власта (која не организира ниту комеморативна седница во Собранието) нема веќе изговори да ја саботира дискусијата за Кочани во Собранието!

Апелираме пратениците од власта не ја саботираат закажаната седница во вторник, имајќи го во предвид фактот дека само овој ден родителите можат да присуствуваат во Собранието. Народните избраници мора конечно да обезбедат услови во Собранието да се слушне гласот на родителите кои бараат правда - не само за своите деца - туку и за сите идни генерации - нагласуваат од Левица. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво