Левица поднесе иницијатива за разрешување на претседателката на ДКСК
Објавено во: Македонија 22 Јули, 2025 16:31
Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, до претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата поднесе Иницијатива за отпочнување постапка за утврдување на исполнетост на услови за претседател на ДКСК, Татјана Димитровска. Левица бара собраниската Комисија, да отпочне постапка за утврдување на исполнетоста на условите за вршење на функцијата претседател на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) од страна на Татјана Димитровска, по што ќе донесе заклучок со кој:
- Ќе утврди дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска не ги исполнува условите за претседател од член 11 на Законот за спречување корупцијата и судирот на интереси, поради изречена мерка за забрана за преземање на одредени работни активности и
- Ќе донесе предлог за нејзино разрешување од функцијата.
Иако избраниот претседател и членови на ДКСК имаат мандат од пет години, со Законот за спречување корупцијата и судирот на интереси се предвидени случаите во кои Собранието предвреме ги разрешува претседателот или членовите на комисијата. Според член 14 од Законот, ако се утврди дека претседателот на ДКСК не ги исполнува условите за вршење на функцијата, може да се поднесе предлог за разрешување. Во овој случај, постапката за утврдување на способноста за извршување на функцијата треба да започне поради Привремената мерка за забрана за работа, која укажува на проблеми со способноста да се исполнуваат законските обврски. Против претседателката на ДКСК е покренато обвинение за кривично дело, а судот ѝ изрече привремена мерка за забрана за вршење на работни активности, што е една од основите за избор, а воедно и разрешување од функцијата.
„Левица ги смета за манипулативни изјавите на премиерот Христијан Мицкоски и спикерот Африм Гаши, кои упорно бегаат од одговорност да ја разрешат претседателката Татјана Димитровска, со што дефакто го компромитираат работењето на оваа институција. Доколку борбата против корупцијата не е само празна флоскула на ДПМНЕ-ВРЕДИ, владејачкото мнозинство итно треба да ја разреши Татјана Димитровска и да побара колективна оставка од целокупниот состав на ДКСК, кој повеќе нема ниту интегритет, ниту кредибилитет да ја води оваа институција“, велат од Левица.
Мицкоски кажа дека нема да прават естрада како што поединци правеле во политиката.
Како што рече, во животот постојат два начина на одговорност – морална и кривична.
Димитровска која е осомничена за оддавање службена тајна во предметот „Адитив“, доби дополнителен обвинителен предлог од Обвинителството за гонење на организиран криминал – дека вработен во Државниот завод за ревизија полагал испит за класифицирани информации во нејзино име.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




