Левица: „Сагата на железничарите продолжува и со Демири“

Објавено во: Финансии 04 Јуни, 2023
Вработените
во Македонски Железници Транспорт веќе втор месец немаат земено плата,
односно се’ уште не им е исплатена априлската плата, а веќе е доспеана
платата за месец мај. Платите подолг временскиот период се исплаќаат со
доцнење со што ги ставаат вработените во тешка финансиска положба.
Партизацијата
на јавното претпријатие доведе тоа постојано да е во долгови, а
очигледно и новиот директор од Алијанса за Албанците - Зуљхајрат Демири нема стратегија, ниту способност да ја рационализира работата на Македонски Железници.
Катастрофалната
состојба во Македонските Железници постојано се влошува, додека
работниците се оставени на немилост на партиските директори, кои
единствено го цедат буџетот за свои лукративни цели. Освен неисплатените
плати, вработените се соочуваат и со неисправни возови, со што се
изложуваат себеси и патниците на опасности. Таков беше и случајот кога
се запали локомотивата кај Велес, каде благодарение на присебноста на
машиновозачот немаше сериозни последици.
Поради
доцнењето на платите, голем број од вработените не можат навремено да
ги исплатат ратите во банка, да платат сметки за комунални трошоци и
секако да преживеат, со оглед дека инфлацијата на прехранбените
производи е повеќе од 20%.
Во
државите низ светот, железничкиот превоз е најупотребуван, затоа што е
најефтин и најефикасен. Единствено кај нас железничкиот превоз е доведен
до раб на уништување од корумпираните партии, наместо да биде една од
националните стратегии.
Очигледно, на нашите владеачки партии, поатрактивни им се патиштата на ,,Бехтел и Енка" од кои ќе може да украдат милиони.
Можеби ќе ве интересира
ЗА ЕДНА ГОДИНА КРЕДИТИТЕ НА ФИРМИТЕ ИМ ПОСКАПЕЛЕ ЗА ДВА ПРОЦЕНТНИ ПОЕНИ - еве какви се другите каматни стапки

ИЗМАМЕНИ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ДОРМЕО: Останаа без работа, а немаат ни плата, се активираат и синдикатите во Србија

ПОМАЛКУ ПАРИ ЗА ВЛАДАТА И СОБРАНИЕТО: Прераспределбата на средствата од буџетот пред Комисијата за финансирање и буџет, еве каде се кратат средства

ЛИЧНИ ПРИЧИНИ, ЗГОЛЕМЕНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ ОБВРСКИ ВО ДРУГИТЕ АНГАЖМАНИ - Миле Зечевиќ поднел оставка од функцијата член на Надзорен одбор во Стопанска банка Битола

РУСИЈА СЕГА ГИ ДРЖИ КОНЦИТЕ: Купија ланец трговски центри

НОВО од Комерцијална банка - Пакет бесплатни производи и дигитални услуги за млади без плата

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО РУСКАТА РУБЉА? Министерството за економија ги соопшти деталите

ИМА ЛИ ВРСКА СО НАЈАВАТА ЗА ПРИСОЕДИНУВАЊЕ, ИЛИ НЕ - во блок трансакции купени поситни проценти акции на Стопанска банка Битола

КАКО ЖИВЕАТ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Заработуваат и до 3.500 евра месечно, киријата им пречи, зборуваат само за пензија, не жалат пари и не планираат да се вратат
