ОВДЕ ЗА КИРИЈА СЕ ПЛАЌА ОД 1.000 ДО 3.800 ЕВРА: Ова се сите убави градови на Европа за кои ви треба длабок џеб
Објавено во: Финансии 19 Октомври, 2024 16:39
Некои градови во Европа се издвојуваат по многу високите цени за изнајмување на недвижен имот. Ако зборуваме на ниво на Европската унија, убедлив победник е главниот град на Холандија, Амстердам, додека на ниво на целиот континент Лондон е далеку пред сите.
Просечните кирии во Лондон достигнаа рекордно високо ниво од 3.220 евра месечно, што е зголемување за 2,5 отсто во однос на минатогодишната вредност, се вели во новиот извештај. Податоците, објавени од британскиот портал за недвижнини Rightmove, се засноваат на анализа на повеќе од половина милион имоти објавени за изнајмување на веб-страницата на компанијата во периодот од јули до септември 2024 година.
Просечната цена се пресметува врз основа на бараните кирии за сите видови имоти, од студија и апартмани со една спална соба до куќи со повеќе спални. И покрај овие варијабли, Лондон останува едно од најскапите места за живеење, со кирии кои ги надминуваат оние во споредливите европски земји.
Rightmove пресметал дека просечната кирија во попосакуваните делови на внатрешен Лондон е неверојатни 3.795 евра, додека цените во надворешниот Лондон се поскромни, со просечна кирија од 2.797 евра.
Како се споредуваат цените на киријата во Лондон со европските ривали?
Германската компанија за анализа на податоци Statista ги испита трошоците за изнајмување во 23 водечки европски градови во првиот квартал од годината за да ги одреди најскапите места за изнајмување. Градовите како Милано, Париз, Амстердам, Берлин, Лисабон, Хелсинки, Атина и Рим (но не и Лондон) беа анализирани за да се утврди колку би чинело изнајмување на опремен стан со една спална соба.
По анализата, истражувачите на Statista го идентификуваа Амстердам како најскапа локација за изнајмување стан со една спална соба, со кирии кои надминуваат 2.275 евра месечно. Холандскиот град, иако поскап од неговите континентални соседи, беше речиси 1.000 евра месечно поевтин од киријата во Лондон.
Градовите на културата и романтиката меѓу најскапите
По Амстердам, Рим и Париз беа најскапите градови за изнајмување меѓу анкетираните земји. Станарите би требало да издвојуваат 2.000 евра месечно за да живеат во Вечниот град, додека оние кои сакаат да тргнат по стапките на серијата „Емили во Париз“ треба да најдат 1.862 евра за да се дружат со париските модни икони.
Холандските градови Ротердам, Утрехт и Хаг исто така беа меѓу првите 10 најскапи места за изнајмување. Ротердам со закупнини од 1.795 евра месечно го зазеде четвртото место на листата, а по него е Хаг на петтото место со месечни кирии од 1.790 евра.
Утрехт го загуби шестото место од Минхен, германскиот град чија кирија од 1.770 евра ја надмина месечната цена од 1.746 евра во Утрехт.
Италијанските градови Болоња и Фиренца се најдоа на врвот на листата на 11 и 12 место, со кирии од 1.600 евра месечно, исто како и во Прага.
Европските престолнини Мадрид и Берлин беа значително поевтини од Лондон и Амстердам, со кирии во шпанскиот град во просек по 1.494 евра, а во германската престолнина 1.500 евра.
Најповолни градови со кирии околу 1.000 евра
Будимпешта, Атина и Торино се најприфатливите места за изнајмување меѓу 23-те анкетирани градови. Будимпешта ја презеде титулата град со најевтина кирија, со месечни давачки кои се нешто под 1.000 евра.
Станарите во Унгарија ќе треба да издвојуваат 950 евра месечно за да живеат во главниот град на земјата. Атина, грчката престолнина на брегот на Медитеранот, на станарите им наплаќа 1.000 евра за да уживаат во нејзините многубројни привлечности, додека италијанскиот град Торино не заостанува со просечна кирија од 1.100 евра.
Еуправозато* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





