Левица: ВМРО-ДПМНЕ преку Еразмус+ дели пари на универзитетот на Мерко наместо да го затвори
Објавено во: Економија 26 Август, 2025 15:09
Повторно се открива соработката помеѓу двете долгогодишни коалициони партнери, ДПМНЕ и ДУИ, овој пат преку директна соработка со градоначалникот на црна листа, Рамиз Мерко, тврдат од Левица.
„Додека премиерот Мицкоски секојдневно го обвинува ДУИ за криминал и корупција, неговите директори делат европски пари на спорниот универзитет во Струга, кој е директно во сопственост на фунционерот на ДУИ и градоначалник на Струга. Односно, новопоставената В.Д. директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност - Ана Михајлов, пред само една недела одобрила грант од Еразмус+ програмата на контроверзниот Универзитет во Струга од Рамиз Мерко! Ова е скандал од невиден размери, каде европски пари се делат на универзитет, за кој и министерката Весна Јаневска во официјални изјави потврди дека се утврдени бројни неправилности во неговото работење“, стои во соопштението на Левица.
Од опозициската партија ја прашуваат министерката за образование, Весна Јаневска зошто наместо да се затвори универзитетот, се делат грантови од европски пари.
„Скриената коалиција помеѓу ДПМНЕ и ДУИ, која совршено функционира во општините каде ДПМНЕ е власт, се докажува повторно. За Универзитетот на Рамиз Мерко има бројни скандали и истиот е познат дека единствено служи за принтање дипломи на функционерите на ДУИ, без да исполнува никакви критериуми за неговата спорна акредитација. Левица потсетува дека единствениот просветен инспектор кој алармираше за неправилностите на овој универзитет експресно беше суспендиран и деградиран, па пензиониран во време на владеењето на СДС и ДУИ. Ако ДПМНЕ пати од амнезија, Левица го потсетува дека просветен инспектор беше физички нападнат при вршење на надзор токму на струшкиот универзитет, каде сега ДПМНЕ дели европски пари. Левица јавно ја прашува министерката Весна Јаневска - зошто наместо да се затвори универзитет на ДУИ поради констатираните неправилности, Владата на ДПМНЕ дели грантови од европски пари?! Дали власта со амнестирањето на криминалот во овој универзитет постепено ја најавува идната влада со ДУИ, со оглед на тоа што и поранешниот вицепремиер Груби кој е во бегство партијата на Мицкоски веќе не го спомнува“, велат од Левица.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното





