LG подготвува уште помоќен смартфон од G3 моделот
Објавено во: Мои пари 09 Јуни, 2014
Компанијата LG подготвува три нови смартфони кои ги носат имињата LG F460L, LG F460K и LG F460S.
Во овој момент постојат информации за еден од нив, LG F460L моделот на кој му е дадено кодното име Liger.
Она што е најинтересно во овој момент е дека ќе биде уште посилен од неодамна претставениот G3 смартфон. Според извештаите, се работи за моќен смартфон кој ќе има Qualcomm Snapdragon 805 чипсет (додека G3 пристигна со Snapdragon 801), а го карактеризира исто така и quad HD резолуција на екранот. Исто така може да се очекува и 3 GB RAM меморија како и камера од 13 мегапиксели.