05 Декември, 2025
0.0274

ЛИБИЈА, ИРАН, ИРАК, ТУНИС: Во СЗО се загрижени поради ширењето на вирусот на Блискиот Исток

Објавено во: Свет, Корона Вирус 15 Јули, 2021 15:26

Добивај вести на Viber

Светската здравствена организација алармира дека на Блискиот Исток станува алармантно ширењето на коронавирусот. 

Има зголемување на бројот на заразени во Либија, Иран, Ирак и Тунис, а брз раст се очекува во Либан и Мароко. Идната недела, земјите од блискоисточниот регион ќе го одбележат Бајрам, кој традиционално се одбележува со собири, на кои може да се прошири заразата. 

СЗО како причини за ова ширење на коронавирусот ги набројува непочитувањето на мерките, ниската стапка на вакцинација и ширењето на новите соеви. Тунис е земја со најголема смртност од коронавирусот во регионот и во Африка. За четири недели бројот на дневни случаи во Иран е двојно зголемен.

Бројот на заразени во регионот на Источен Медитеран, кој ги вклучува Пакистан, Авганистан, Сомалија и Џибути, како и земјите од Блиски Исток, надмина 11,4 милиони, а пријавени се 223.000 починати. 

Многу земји во светот ги враќаат рестрикциите. 

Холандија ја враќа препораката да се работи од дома поради зголемување на инфекции со корона вирусот само неколку недели по укинувањето на мерките, изјави премиерот Марк Руте пред парламентот.

foto Wikipedia

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран

Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран

Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија

Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија

Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата

Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата

„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност

„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро

Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро