18 Декември, 2025
0.0548

Лицата кои го запалија бугарското знаме се идентификувани

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2021 18:56

Добивај вести на Viber

Во инцидентот со палењето на бугарското знаме што предизвика остри реакции во јавноста и демарш од Бугарија, се идентификувани три лица и во соработка со Јавното обвинителството против нив ќе има пријава.

Инаку, единствениот уапсен од Вевчанскиот собир е Ѓорѓи Влајнкиноски, кој на својот профил на ФБ објави дека бил на 4-часовен распит во полициската станица во Струга. Тој не е поврзан со палењето на знамето. 

„Денес бев на 4 часовен распит во полициска станица во Струга, овде морам да кажам дека инспекторите кои го вршеа службениот разговор беа коректни. Добив 3 прекршочни пријави и 1 кривична пријава.

Кривична пријава по член 206 од КЗ, кој предвидува „тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

Сум учествувал во прослава

Сум повикувал и поттикнувал и други граѓани на групна прослава

Прослава најверојатно мислат како таа што беше во Штип кога прославуваше раководството на СДСМ победа на избори на кои сами учествуваа.

Во Вевчани немаше никаква прослава, па оттука ниту пак јас учествував во прослава, а уште помалку повикував на групна прослава

Омаложување и навредување на полициски службеник во вршење на служба

Најодговорно тврдам дека такво нешто немаше!

Неовластено снимање

Не знаев дека треба овластување за снимање на јавен настан кој се одвива на јавен простор кој истиот настан го снимаа, фотографираа, стотици граѓани, новинари и фоторепортери.

20 евра за неносење заштитна маска

Признавам – виновен сум

Нема предавање, борбата продолжува!

Да живее Вевчани и Македонија!


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери