ЛИДЕРИ ПО СИРОМАШТИЈА: Македонците, Албанците и Босанците со најмала куповна моќ
Објавено во: Економија 22 Јуни, 2020
Maкедонците, Албанците и Босанците имаат најниска куповна моќ во Европа.
Македонците имаат 43 отсто куповна моќ во однос на европскиот просек, Албанците се на последно место во Европа со 40 отсто, а зад нас се само уште Босанците со 42 отсто.
За споредба, просечниот Романец е речиси двојно побогат од просечниот Македонец.
Според податоците на Евростат, просечната куповна моќ на Романците во 2019 година изнесувала 79 проценти од европскиот просек, а таа на просечниот Македонец само 43 проценти од европскиот просек.
Поголема куповна моќ од нас имаат Словенците, Хрватите, но и Турците со 68 отсто и Црногорците со 60 отсто од просечна Европа. Србите имаат 49 отсто од европскиот просек.
Во Источна Европа најдобро котираат Чесите со 85 отсто од европскиот просек.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.