Лидерот на ВМРО ДМПНЕ на тајна посета кај Иванов?
Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2017
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски според информации на А1он вечерва бил виден како влегува во претседателскиот кабинет на Ѓорге Иванов, но бил во придружба на Кирил Божиновски.
Оваа посета следи откако опозицискиот лидер е избран за мандатар на новата влада и откако ДУИ се изјасни дека ќе му ги даде потписите на Заев.
Иако претходно Ѓорге Иванов бараше исполнување на два услови за добивање на мандатот, по многуте критики дека тој не може да поставува услови надвор од неговите надлежности, од кабинетот се поблекоа дека не се работи за услови туку за препораки.
Сите очекуваат претседателот да му го предаде мандатот на Заев, но засега од Иванов нема коменатр по последните случувања за политиката во земјава.
Претседателот Иванов, денеска во манастирот „ Св. Јоаким Осоговски„ кај Крива Паланка, присуствуваше на панихида за сите загинати бранители на Република Македонија од воениот конфликт во 2001 година и од настаните од мај 2015 во Куманово.