„ЛИДЛ“ ЌЕ ИНВЕСТИРА МНОГУ ПАРИ И ЌЕ ОТВОРИ МНОГУ РАБОТНИ МЕСТА: Ото Граф за германскиот супермаркет

Објавено во: Економија 07 Јуни, 2023
Заменик-амбасадорот на Германија во државава Ото Граф, на презентацијата на истражувањето за деловната клима на Делегацијата на германското стопанство во Македонија АХК и Македонско-германското стопанското здружение, одговараше на новинарски прашање за влијанието на политичките случувања во државава и блокираните реформски активности во Собранието на работењето на германските компании, како и за одделни најавени инвестиции.
Прашан до каде е реализацијата на инвестицијата на „Лидл“ тој посочи дека е голем оптимист и со тој инвестициски партнер се чекори напред.
Според Граф, за државава е многу важно преку „Лидл“ да се понудат земјоделски производи во цела Европа.
-„Лидл“ е инвестициски партнер, чекориме напред, но не се наоѓа во крајна фаза. Оптимисти сме, сметам дека Лидл во секој случај ќе инвестира многу пари и ќе отвори многу работни места. Не смее да се потцени дека еден ваков супермаркет ќе направи голема инвестиција, но сметам дека е многу битно за самата држава да се понудат земјоделски производи преку „Лидл“ во цела Европа. Колку повеќе Северна Македонија се приближи кон Европската Унија, толку побитна ќе биде темата за земјоделие, бидејќи ќе се постави прашањето како ние како мала држава може да опстанеме на европскиот пазар, а еден од начините е со продажба на земјоделски производи во цела Европа. Сметам дека ова е мошне битно за луѓето во државата, смета заменик-амбасадорот Граф.
ФОТО:МИАМожеби ќе ве интересира
КАМАТИТЕ ИМ СЕ ПРЕВИСОКИ, СТАНОВИ ЌЕ НЕМА - германска компанија го запира производтвото на 60 илјади станбени единици

ЈАПОНСКИОТ ГИГАНТ ТОШИБА ЈА НАПУШТА БЕРЗАТА ПО 74 ГОДИНИ: Завршено преземањето накомпанијата

ГЕРМАНСКИОТ ЛИДЛ СТАРТУВА СО ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - исфрла дел од производите од својата понуда

Законот изгласан, но бизнис секторот не се предава: Законот за „неплаќачи“ ќе го оспориме пред Уставен

Осигуреници во август наплатија над 5 милиони евра од неживотни осигурувања
ФРАНЦИЈА УКИНУВА СУБВЕНЦИИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА: На удар кинеските автомобили, но и дел од производството на Тесла

ЗАКОНОТ ЗА СОЛИДАРЕН ДАНОК ГИ НАЛУТИ СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ: Биле вчудоневидени, ќе го оспорат законот пред Уставен

ВЛАДАТА БАРА КАНДИДАТИ ЗА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЖЕЛЕЗНИЦИ - Еве колку пари ќе се одвојат од државната каса за нивните хонорари

Трајковски за цените: Сите граѓани коишто ќе увидат неправилности да пријават на 02 191
