„Лидл“ во Скопје ќе биде вистински хит: Нема повеќе да трчаме во Солун или во Врање
Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2021 12:07
Мега германскиот
маркет „Лидл“ во Скопје ќе биде големо олеснување за илјадниците граѓани кои,
како што велат, буквално трчаа во Солун да испазарат токму таму. Некои од нив
за Фактор посочуваат дека со воодушевување чекаат да се отвори и тука по веста
дека веќе се регистрираше во Централниот регистар.
-Навистина убава вест и не е важно кога точно ќе ги отвори вратите. Важно е дека наскоро ќе го имаме. Не мора повеќе да се патува во Солун или во последно време во Врање за да се купат различни производи по пониски цени, иако еднодневните шопинзи со автобус некогаш се прават и од забава. Не знаеме само дали ќе има производи кои можат да се најдат на рафтовите, на пример во оној „Лидл“ кој е во Солун, велат соговорниците на Фактор кои пред епидемијата на корона вирусот, секои две недели патувале во Грција на шопинг во Космо, Икеа и патувањето задолжително го завршувале во Лидл.
Истовремено посочуваат и дека во Македонија недостига и шведската компанија „Икеа“, бидејќи огромна бројка од граѓаните за уредување на своите домови купуваат производи од шведскиот производител.
Инаку, како што изминатава недела пишуваше Фактор, германскиот трговски синџир „Лидл“ ја регистрираше својата компанија во Македонија, а ќе биде управувана од бугарската филијала. Сопственик е германската матична компанија ВЕ-Интернационал Цвајте ГмбХ од Некарзулм, но субјектот специјализиран за трговија на мало претежно со храна, пијалаци и тутун ќе биде управуван од Софија, од бизнисмените Милена Емилова Драгијска, Бисер Борисов Инчовски и Љубомир Манолов Хрсев. Според описот на нивните надлежности и ограничувања, „Лидл“ планира да вложи над 10 милиони евра во продавница и да купи земјиште поголемо од 10.000 квадратни метри.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот




