21 Мај, 2024
0.0289

Лимак една од најголемите градежни компании во светот ќе гради во Скопје

Објавено во: Мои пари 12 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Секој град има свои обележја по кои е препознатлив во светот. Тоа се најчесто маркантни архитектонски изданија кои се градени со години, и кои се дел од историјата на една земја. Париз е познат по Aјфеловата кула, Барселона по Гаудиевата Катедрала, Истамбул по Капали чаршијата, речиси секој поголем град има свој карактеристичен белег. Скопје било препознатливо по Старата железничка станица, по Калето, Камениот мост. Она што е карактеристично за исклучителните архитектонски зданија е што секогаш во нивната реализација е вклучен голем, финансиски стабилен инвеститор, кој има искуство и капацитет да изгради нешто значајно.

Токму поради овој факт, добрите познавачи на градежните состојби во регионот, изразуваат задоволство што токму реномираната и светски позната градежна компанија Лимак ќе гради на просторот околу Старата железничка станица во Скопје, а постоечката зграда на Музеј на град Скопје, која се планира да биде возобновена од градските власти, ќе биде умешно вградена во склоп на комплексот. Се планира современ, атрактивен, мултифункционален деловно резиденцијален комплекс кој ќе има за цел да го спои симболот на градот-Старата железничка станица со модерните потреби и животни навики на граѓаните на Скопје.

Основана во 1976 година, Лимак Холдинг постави високи стандарди во областа на градежништвото, туризмот, хотелиерството и  инфраструктурата. Компанијата гради капитални објекти во повеќе од  10 земји во светот, а за истакнување е моменталната изградба на најголемиот аеродром во светот, третиот во Истамбул кој ќе биде седиште на 150 авио – компании, паркинг на 500 авиони и шест авионски писти.

Лимак Холдинг стои и зад изградбата на Аеродромот во Приштина “Адем Јашари“. За овој проект доби 4 престижни, интернационални награди за општествена одговорност и животна средина.  Неодамна, компанијата победи на тендер за изгрaдба на аеродромот во Кувајт, што претставува еден од најголемите тендери за изградба добиени  од турски изведувач.

Трговски во Анкара

1

Не изостануваат во своите успеси и со изградбата на голем број на луксузни хотели во најпопуларните туристички места во Турција. Нивното искуство и традиција во овој сектор се негува уште од 1995 година па се до денес кога стануваат репер за современо хотелиерство збогатено со алтернативни туристички содржини. Тие се еден од најбрзо растечкиот туристички ланец во Турција со веќе изградени 8 хотелски комплекси лоцирани во 4 градови и опслужуваат 1.2 милиони туристи годишно.

3

На своите почетоци Лимак беше сконцентриран на проекти од областа на градежништвото и конструкцијата како што се монтажа и изградба на челични конструкции, брани за наводнување, од цевководи за рафинериски системи, автопати, аеродроми, пристаништа, индустриски инсталации и др. За да со текот на годините ги поместува границите и успешно да го прошират полето на интерес збогатувајќи ја својата експертиза и умешност во повеќе нови сегменти како што се туристичкиот и енергетскиот сектор и секторот за цемент.

Несомнено дека желбата и интересот една ваква компанија, како што е Лимак, да гради во Скопје, ќе значи многу за градот, а граѓаните ќе добијат објект на кој ќе бидат горди.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ФАКТИ КОИ МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ВИВА SMOOTHIE

ПЕТ ФАКТИ КОИ МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ВИВА SMOOTHIE

Како да одберете премија за осигурување според потребите на вашиот бизнис?

Како да одберете премија за осигурување според потребите на вашиот бизнис?

Porsche традиционално на патиштата низ Македонија со ексклузивниот Road Tour

Porsche традиционално на патиштата низ Македонија со ексклузивниот Road Tour

Утре се одржува втората Конференција за недвижности во организација на ФОРТОНМКА

Утре се одржува втората Конференција за недвижности во организација на ФОРТОНМКА

Кина гради радарска мрежа за поддршка на глобалната вселенска временска прогноза

Кина гради радарска мрежа за поддршка на глобалната вселенска временска прогноза

„Чуварите на мудроста“ на втората конференција ќе споделат мудри совети со младите

„Чуварите на мудроста“ на втората конференција ќе споделат мудри совети со младите

НОВОТО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО ,,ГРИН МАШИНС” НА БРАКО ПРЕТСТАВЕНО ВО МИНХЕН

НОВОТО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО ,,ГРИН МАШИНС” НА БРАКО ПРЕТСТАВЕНО ВО МИНХЕН

УНИБанка успешно го одржа четвртиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2024„

УНИБанка успешно го одржа четвртиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2024„

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“