21 Мај, 2024
0.0301

Линданот уште стои во Охис: Чистењето никако да почне, инспектори на терен

Објавено во: Македонија 25 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Чистењето на малата депонија со линдан во кругот на Охис се очекува да започне наскоро, по доцнење од неколку месеци. Инспекторатот за животна средина најавува редовен надзор над спроведувањето на чистењето. Депониите на линдан се најзначаен извор на загадувањето на воздухот од оваа индустриска зона. Инспекторите беа на терен а контролирале 6 инсталации, во кругот на АД Охис од кои една со А-интегрирана еколошка дозвола (НЈСК ХОЛДИНГ, за производство на масло од канабис), а другите се главно компании што вршат складирање на опасен и неопасен отпад. Направен е надзор над три субјекти - Еко-центар, Езо-тех и Галванотехна.


„При надзорот на работата на Езо-тех, кој работи на собирање и транспорт на опасен отпад, се утврди дека на локацијата чува опасен индустриски отпад, преземен од правни лица во технолошките развојни зони. Отпадот што е складиран веќе неколку месеци, може на локацијата да се чува до три години, односно Езо-тех ќе мора да најде начин за негова преработка или третман во земјата или во странство.


Компанијата Галванотехна врши површинска обработка на метални производи и во моментот се подготвува за почеток на работа. Од технолошкиот процес се очекуваат отпадни води што ќе мора да се пречистуваат. Надлежен инспектор ќе изврши надзор по пуштањето во работа, стои во известувањето.


Државниот инспекторат за животна средина најавува дека ќе прави сеопфатен надзор над работата на инсталациите во кругот на ОХИС, а особено над постапувањето со опасен отпад, анализирајќи ги договорите на компаниите што имаат дозвола за транспорт и складирање. Ќе се анализираат и транспортните формулари, за да се следи од каде се собира опасниот отпад, кој го транспортира и каде се отстранува. 


„Овие анализи можат да откријат потенцијални нерегуларности што ќе бидат предмет на идни надзори, стои во известувањето.


Можеби ќе ве интересира

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра