05 Декември, 2025
0.0498

„Линеарно усогласување на пензиите - закана за нарушување на пензискиот систем“: Партијата на пензионери бара Закон за минимална пензија

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2025 09:50

Добивај вести на Viber

Партијата на пензионери, како политички субјект кој за свој основен фокус го има добро битот на големата пензионерска популација во земјата, од своето формирање постојано нагласува дека правото на пензија е темелно и неотуѓиво право на пензионерите стекнато со долгогодишен труд и уплатата на соодветните придонеси, и истото е заштитено со Уставот на државата, како и со други прописи.

Ова го истакнуваат од Партијата на Пензионерите (ПП) од каде нагласуваат дека „во секоја современа и суверена држава (како што е Македонија), пензискиот систем е еден од основните социјални столбови на сите општества. 

- Со оглед на тоа моменталните политички „препукувања” околу сегашната и идната финансиска состојба на ПИОМ предизвикува загриженост кај огромен дел на пензионерите чија животна егзистенција зависи од нивните пензии.

Со оглед на тоа  што пензиите се основен приход на мнозинството на пензионери, одржувањето и менаџирање на стабилен  пензиски систем и обезбедување на  пензија за достоен живот на оваа група на граѓани преставува основна задача на сите Влади, без обѕир на нивната политичка провиниенција.

Имајќи во предвид дека постои група на пензионери со крајно минимални пензии, Партијата на пензионери подолг период се залага за донесување на Закон за минимална пензија со кој треба да им се обезбеди материјална сигурност на примателите на овие пензии. Поради тоа принципот на линеарно усогласување на пензиите, како и да звучи тоа во овој момент, го сметаме за „дискриминирачки” кон поголем број на пензионери и потенцијална закана за нарушување на пензискиот систем во иднина, а кој се надградувал повеќе од 80 години - посочуваат од ПП.

Додаваат дека за да им се помогне на пензионерите со ниски пензии, патијата се залага за донесување на Закон за минимална пензија, со кој ќе се уреди минималната пензија да изнесува најмалку 70 отсто од минималната плата, а просечната пензија до 60 проценти од просечната плата. 

- Паралелно, како дополнителна мерка, предлагаме од Буџетот на државата, од средствата наменети за социјална поддршка, да се издвојуваат средства за доделување посебен поединечен паричен додаток на корисниците на пензии кои не остваруваат други приходи освен пензијата, како што  се додаток за годишен одмор, новогодишни пакети, покривање на дел од трошоците за електрична енергија и други соодветни финансиски механизми.

Со овој предлог  се исклучува потребата од менување (перманентно или времено) на Членот 37  од Законот за ПИО, со кој е уреден начинот на усогласување на пензиите, како и заштита на веќе стекнатите права на пензионерите, кои 40 и повеќе години ги плаќале редовно придонесите и данокот од плата, заради што добивале помала нето плата. Исто така спречува да се фаворизираат оние кои манипулирале со основицата за пресметка на придонеси за пензија и должината на стажот, како и кои придонеле за зголемување на обемот на сивата економија во земјата, а со цел лично богатење за сметка и на грбот на работниците - нагласуваат од ПП.

Партијата на пензионери уште еднаш потенцира дека пензијата е економска категорија  која се остварува врз основа на износ на уплатени придонеси за ПИО и должина на стаж. 

- Исто така истакнуваме дека законодавецот во методологијата за пресметка на првиот износ на пензија предвидел принцип на генерациска солидарност, врз основа на кој утврдениот износ, ако е помал од износот на минимална пензија, по сила на закон се усогласува до тој износ, како и дека со Законот за ПИО не се врши зголемување туку усогласување на пензиите сразмерно со порастот на трошоците на живот и порастот на платите.

На крајот истакнуваме дека моменталниот метод на линеарно усогласување на пензиите, НЕ постои во регионот и Европа.

Искрено се надеваме дека сите пензионери ќе сфатат дека краткорочните бенефити можат да придонесат за евентуални долгорочни проблеми за сите нас но и за сите идни генерации на пензионери а тоа се нашите деца и нивните поколенија - заклучуваат на крајот од ставот претставниците на Партијата на пензионери.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво

Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво