23 Ноември, 2024
0.0470

Анализа: Дали борбата за црното злато ќе го одлучи идниот претседател на САД?

Објавено во: Економија, Свет 16 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Зошто фракинг индустријата е важна за САД особено по доаѓањето на власт на Трамп кој се фалеше дека ќе отвори нови работни места со ископ на јаглен и стимулирање на фосилните горива игнорирајќи ги предупредувањата за засилена климатска криза и неопходноста од преземање на климатска акција?Во анализата со Зоран Данилов од институтот conservative.mk ја истражуваме поврзаноста со нафтената индустрија со најважните избори во САД, борбата за придобивање на работничката класа, особено во „свинг“ сојузните републики кои може да гласаат и лево и десно, како и за аспектот на заштита на животната средина и климатската криза.

ФактографВо првата половина од 20-ти век, економијата на САД галопирачки почна да се развива, што резултираше со огромна побарувачка на нафта и енергенси. Во втората половина на 20 век тие станаа најголем потрошувач на нафта и нафтени деривати во светот и масовно увезуваа од земји како Арабија, Кувајт, Венецуела, но тоа мораше да се избалансира. Геолошките истражувања покажаа дека државата лежи на нафтени шкрилци. Да се извади нафта од карпа која е и неколку километри под земјата, е исклучително скап процес и ретко која земја го прави тоа. Многу полесно и поефтино е да се увезе нафта, отколку да се копа.

За да бидат колку може помалку зависни од другите земји, САД решија полека, но сигурно да инвестираат во фракингот. И покрај големата цена на чинење на екстракција на нафта од шкрилци, државата почна да прави поволности и фирмите почнаа да инвестираат во работни места поврзани со ископување, хидраулика, хемикалии и рафинирање.

1) Мапа на геолошките истражувања и базените богати со нафтени шкрилци (според EIA – Energy Information Administration


Прашањето за „фракинг“ индустријата стана актуелно по последната дебата помеѓу Мајк Пенс и Камала Харис, кандидати за потпретседатели на САД. Кампањата на Трамп соочена со слабиот рејтинг жестоко го нападна двоецот Бајден-Харис дека ќе ја забрани фосилната индустрија за екстракција на нафта и дека илјадници работни места се во ризик, но анкетите покажуваат дека во клучните држави од Средниот запад, ова прашање е и „синдикално“ за традиционалните гласачи од десницата кои сметаат дека не им се доволно заштитени работничките права, туку интересите на корпорациите. Од друга страна пак левицата и Демократите се во блага предност бидејќи силно се залагаат за контрола над фракинг индустријата и фосилните горива кои треба да се заменат со обновливи извори на енергија, но и заштита на животната средина од негативните ефекти. Кој табор ќе добие повеќе по ова прашање?

По доаѓањето на Трамп на власт во 2016, нафтената индустрија доживеа неверојатна револуција. Денес фракингот во САД придонесува со 8% во ГДП-то, а целокупната фракинг индустрија ангажира над 10 милиони работни места. Денес 70% од производството на aмериканската нафта доаѓа од шкрилците, а aмериканската нафтена индустрија задоволува околу 90% од потребите на американската држава. Во 2018 година, по огромните стимуланси од администрацијата на Трамп, САД станаа најголеми производители на нафта во светот, надминувајќи ги дури и Русија и Арабија. Уште повеќе, сега станаа и извезувачи на гас и на многу нафтени деривати.

2) Потрошувачи на нафта и нафтени деривати, според EIA, Energy Information Administration


3)  Производството на сурова нафта: 2018 САД ги минуваат Арабија и Русија (Извор EIA – Energy Information Administration)

Мора да се признае дека целата ситуација со глобалното затоплување и климатските промени во САД последниве неколку години стана многу исполитизирана тема, која политичките елити од двата табори (и Републиканците и Демократите) ја користат во меѓусебно препукување. Но, тоа е тема која што заслужува посебна анализа, посочува Данилов од conservative.mk.

Левицата пак, предводена од Бајден исто така има проблеми да мобилизира гласачи по ова прашање. Популарната конгресменка Окасио Кортез потсети дека фракингот е штетен за животната средина и дел од тоа крило е незадоволно од недостигот на поцврсти ставови за ова прашање. Следбениците на Сендерс кој исто така бара носење на Нов зелен договор очекуваат Демократите да се спротистават на фракингот, а тие беа и еден од факторите зошто Хилари Клинтон во 2016 не ги доби очекуваните гласови. Може ли Бајден сега да ги добие овие крила во Демократската партија и како тоа ќе влијае на изборите?

Во мојата анализа околу првиот дуел Трамп – Бајден, нагласив дека Бајден има голем проблем: за да добијат широка поддршка, Демократите и Бајден направија „пакт“ со екстремната левица и социјалистите. Тоа значеше дека дојдоа во конфликт со своето традиционално гласачко тело кое е лево од центарот. Како? Преку наративот и ветувањата спрема екстремната левица, кои Демократите ги прифатија, а сега им висат како Дамаков меч.

Во кампањата 2016, Трамп делуваше како популист. Но, откако дојде на власт, тој ги исполни скоро повеќето од ветувањата: ги намали даноците, не започна ниту една војна и ја повлекува војската од многу жаришта, го гради ѕидот спрема Мексико, остана чувар на традиционалните вредности (религијата, контра абортусот, грижа за историското наследство и сл.), прави реформи за ефтино, но достапно здравство, меѓу повеќето. Во меѓувреме направи толку многу претседателски одредби и интервенираше во многу сектори во државата, каде спориот систем бараше големи процедури. Демократите останаа затечени. Во изборите за претставници во Конгресот одвај добија со тесно мнозинство, но го загубија Сенатот. Нешто мораше да се направи.

За да успеат да се надеваат на поволен резултат во 2020 година, Демократите почнаа да вклучуваат екстремно леви активисти во своите редови, кои со себе носеа и екстремни политики. Покрај традиционалниот левичар Берни Сандерс (кој секогаш беше екстремен дури и за самите Демократи), беше инкорпорирањето на Александрија Окасио-Кортез како конгресменка од Њу Јорк, која не ги крие своите социјалистички решенија на проблемите. Го таргетираа урбаното население, иселениците, афро-американците и особено младите. Веројатно тргнаа со максимата дека ако сте неопределен, тогаш мора да имате леви идеи.

Едно од најважните барања на екстремната левица беше „Новиот зелен договор“, кој самата Окасио Кортез го поднесе како предлог закон во Конгресот. Целта е да се најде начин како да се спречат таканаречените „ефекти на стаклена градина“ при добивањето на енергија, со што ќе се придонесе кон намалување на глобалното затоплување и климатските промени. Иако делува многу ветувачки, „Новиот зелен договор“ е скаран со исплатливоста и целисходноста: за да произведете ветерница, или соларен панел, или електричен автомобил, ќе ја загадите околината неколку пати повеќе со „ефект на стаклена градина“, отколку што со панелот, или ветерницата ќе ја заштитите. Сепак, едно од основните барања на „Новиот зелен договор“ и на екстремно-левите сили, беше забраната за „фракинг“ во САД. Тоа Демократите го прифатија и го инкорпорираа во својата генерална политика.

Ако се кандидирате за претседател, многу очекувано е дека ќе ветувате отворање на работни места. Стотици, илјади, милиони... Внатрепартиските избори на демократите во 2019 и 2020 беа дотогаш невиден, уникатен пример на претседателски кандидатури кои ќе ЗАТВОРААТ работни места: и Џо Бајден, и Елизабет Ворен и Берни Сандерс и Мајкл Блумберг, сите се заветија дека ќе го запрат фракингот и било какво производство на енергенси од фосилни горива.

Во декември 2019, на дебата во Лос Анџелес, Џо Бајден, кој требаше да биде умерен Демократ, лево од центарот (наспроти социјалистот Сандерс, на пример), на прашањето ако стане претседател на САД, дали ќе го стопира производството на нафта и гас од шкрилци, дури и ако тоа значи „илјадници, можеби стотици илјади да ги загубат своите работни места“, тој без двоумење одговори: „Да!“, за потоа да додаде дека инвестирањето во сончева и ветровна енергија ќе ја спасело економијата. Многу наскоро потоа, на митинг во Њу Хемпшир, порача дека „невработените работници од енергетската индустрија треба да учат како да програмираат“ – една иронична изјава, но доволна да предизвика загриженост помеѓу граѓаните. Како врв на целата планина, кандидатката за потпретседател на Демократите, Камала Харис исто така е за забрана на фракингот речиси целата политичка кариера, смета Данилов.

Прашањето за „фракинг“ индустријата стана актуелно по последната дебата помеѓу Мајк Пенс и Камала Харис, кандидати за потпретседатели на САД. Кампањата на Трамп соочена со слабиот рејтинг жестоко го нападна двоецот Бајден-Харис дека ќе ја забрани фосилната индустрија за екстракција на нафта и дека илјадници работни места се во ризик, но анкетите покажуваат дека во клучните држави од Средниот запад, ова прашање е и „синдикално“ за традиционалните гласачи од десницата кои сметаат дека не им се доволно заштитени работничките права, туку интересите на корпорациите. Од друга страна пак левицата и Демократите се во блага предност бидејќи силно се залагаат за контрола над фракинг индустријата и фосилните горива кои треба да се заменат со обновливи извори на енергија, но и заштита на животната средина од негативните ефекти. Кој табор ќе добие повеќе по ова прашање?

Сите се чудеа како Демократите повторно ја прават истата грешка, само за да им удоволат на ултра-левите зелени. Водеа слична ваква битка против употребата на јаглен во кампањата во 2016 година, кога Хилари ветуваше дека ќе ја сузбие индустријата на јаглен, па се чудеа како можеа да ги загубат изборите во Охајо и Пенсилванија, традиционално демократски држави, каде ископот на јагленот е еден од основните работни места. Денес тоа прашање е околу фракингот. Охајо и Мичиген заедно вработуваат околу 400.000, Пенсилванија 300.000, а Колорадо и Флорида обете по 200.000 работни места. Последниве неколку години цели гратчиња „живнаа“ поради процутот на нафтената индустрија.

Тука е и Тексас. Демократите долго време ја таргетираат лулката на Републиканците. Но, во 29 милионската сојузна држава скоро 2 милиони се вработени во нафтената индустрија. Таму еден работник може со прекувремена работа да заработи и повеќе од 100.000 долари годишно. Како ќе победите во Тексас, ако сакате да ја банирате нафтената индустрија? Интересна неодамнешна анкета помеѓу демократските гласачи во Тексас покажува дека 45% се за забрана на фракингот, но 33% се ЗА фракинг, а 22% не се сигурни. Тие 33% „за“ и тие 22% неодлучни многу јасно ја покажуваат поделеноста меѓу самото гласачко тело на Демократите.

Мнозинството гласачи на Демократите живеат во урбаните средини, зафатени со претприемачки или административни занимања. Нормално е дека тешко можат да го разберат металургискиот работник, земјоделецот  или енергетскиот работник, чија што егзистенција зависи од состојбата на пазарот и побарувачката. Но, од тие 10 милиони вработени во енергетската индустрија на САД, секако дека има и сипатизери и гласачи Демократи, па многу логично е да се претпостави дека тие нема да излезат и да гласаат против себе, затоа што нивната партија или кандидат тоа го заговара.

Вистина е дека Бајден води на сите анкети. Но, исто така веројатно е дека Демократите прават внатрепартиски анкети во кои ја имаат јасната слика на теренот, поинаква од анкетите на медиумите (кои знаат да бидат и навивачки – онака како што и Хилари водеше на сите анкети во 2016, па ги загуби изборите). Најверојатно, ниту БЛМ (Black Lives Matter)и нередите преку расната „револуција“ која во очи на изборите ја наметнаа во обид да се прикаже дека САД под Трамп се нестабилна земја, а ниту наративот дека Трамп е виновен за ширењето на Коронавирусот – не им донесоа предност. Очигледно за Американците најважна е економската сигурност и добро платеното работно место – основата на Американскиот сон.

Веројатно увиделедека во клучните држави, како Пенсилванија и Охајо не стојат добро. Тоа го покажува фактот што на само неполн месец пред изборите, Бајден и Харис панично решија да ја променат реториката. Решија да се повлечат од цврстите ветувања спрема екстремната левица, давани години наназад, дека ќе го стопираат фракинкот и барем по тоа прашање да се обидат да се вратат на својата основна, лево-од-центарот база. На секое интервју или обраќање последниве денови, кога ќе се спомне нафтената индустрија, тие, ако не им успее да го одбегнат прашањето, тогаш со успорен тон, како ученици кои ја научиле лекцијата на потешкиот начин, рецитираат: „Нема да го забраниме фракингот“. Или: „Ќе правиме спора транзиција.“

Ама доцна им е, самите се фатија во бесрамна лага на „пу-пу, не важи“. Со тоа, покажаа дека немаат јасен став околу најважното прашање на 10 милиони американци, нафтената индустрија.

Со расколебувањето во последен миг дојдоа во конфликт и со барањата на екстремната левица, или „Новиот зелен договор“, па 17-годишната Швеѓанка, зелената активистка Грета Тунберг се „јави“ со еден твит, во кој ги „повика“ американците да гласаат за Бајден. Со овој потег на оние што стојат зад проектот „Грета Тунберг“ само покажаа колку Бајден и Демократите почнаа очајни да котираат во таборот на екстремно-левите.

Според мене, јасниот став на Трамп околу економијата, особено околу фракингот, му носи огромна предност. Сигурноста на околу 10-те милиони американци и уште толку семејства кои живеат од нафтената индустрија, може да се толкува дека ќе му ја донесе втората победа, или уште 4 години на чело на најмоќната функција во светот, заклучува Данилов.

Х.С. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria