26 Ноември, 2024
0.0278

Kирјаков: Стравот на Софиja произлегува од идентитетската криза на бугарското општество

Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Стравот на Софиja произлегува од идентитетската криза на бугарското општество, вели Атанас Кирјаков, Македонец кој живее во Бугарија, еден од основачите на ОМО „Илинден“ Пирин и човек кој влезе и во трката за градоначалник на Благоевград.

Тој објаснува зошто Бугарија се плаши од прашањето за македонското малцинство. Вели дека долги години земјата примила толку многу Македонци, кои ако денес кажат дека не се Бугари, ќе се загрози идејата за Бугарија каква ја претставува власта.

„Стравот на Софиja исто така произлегува од идентитетската криза на бугарското општество, за дeфинирање на мнозинската бугарска етничка заедница, дали е од словенско потекло или од прабугарско. Во сегашниот Устав ( Конституциja) Бугариja не познава национални малцинства, и Р.Бугариjа jа смета за еднонационална држава, што е спротивно на фактичката состоjба на современото бугарско општество, кое е составено од етнички групи (Бугари, Турци, Ерменци, Роми, Татари, Гагаузи, Черкези, Казалблаши, Власи) што значи дека бугарското општество е мултиетничко и мултикултурно. Стравот на власта за признавање на македонски етнос и македонско малцинство произлегува од следното: уште од 19 и 20 век голем дел од населението на сѐ уште нераспарчена Македониja се идентификува себеси како Македонци (Кресненско - Македонско востание од 1878 година, книгите на Крсте П.Мисирков, идеите на ЦК на ВМОРО, и т.н) со желба за своja држава, што е видено и од деjноста на Македонските друштва во Русиja и Европа, како и демократските движењa на Балканот, идеите на Македонските преродбеници Георгија Пулевски, Григор Прличев, Крсте Мисирков ( книгата ,, За Македонските работи,, беше изгорена во Софиja од бугарскиот монарх), Кочо Рацин ( Бели мугри ), Никола Вапцаров, Антон Попов, Михаил Сматракалев, ( Македонски литературен кружок во Софиja ) и други“, вели Кирјаков.

Тој порачува дека ќе биде историска грешка ако Бугарија стави вето на македонските преговори со Европската Унија и тоа ќе прати лоша порака и во регионот, кој се стреми да биде дел од ЕУ.

„Се разбира дека ке биде грешка. Бугариja денес сака да го избрише фашизмот од неjзината историја, да се бришат спомен - плочите во Македонија каде пишува дека Бугарите се фашистички окупатор. Бугариja има комплекс и се срами денес дека  биле фашисти во одреден период и Бугариja сака денес тоа да го скрие. А спомениците на Евреите? И тие ли Бугариja ке ги урне? Ќе биде историска грешка ако Бугариja стави вето затоа што Бугариja ги забавува процесите на интеграциja на цел Западен Балкан. Не е во интерес на Македониja да не биде дел од ЕУ, затоа што Македониja ќе стане гнездо на терористите“, додава Кирјаков.

Вели дека оваа тема ги засега нив како Македонци кои живеат во Бугарија, но и сите граѓани на земјата.

Додава дека во последните неколку години бугарското општество е зафатено со тешки кризи во сите сфери на животот: економски, социјален, морален,  етички, кризи во здравството, во образованието,  во правосудство. Според него, продлабочувањето на овие кризни состоjби се наjголемата опасност за иднината на бугарската национална заедница. Кирјаков потсетува дека Комунистичката доктрина на Тодор Живков, уплашен од економска, политичка и социјална криза го насочил вниманието на народот кон патриотизам, со цел создавање на хомогена бугарска нациja.

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ