Добивај вести на Viber
Цената на негазираната вода за пиење во литарско пакување во рестораните и кафулињата на хрватското приморје чини 4 евра, пишува Слободна Далмација.
Водата стана голем бизнис во туристичкиот дел на Хрватска, затоа што е неопходна и сите ја бараат, а има и добра маржа како и секаде во светот. Угостителите на водата имаат маржа од 25 проценти, а и покрај преполовениот ДДВ, туристичките работници ги зголемиле цените на храната и пијалоците во рестораните.
Угостителите се правдаат бидејќи им се зголемиле трошоците за околу 20 отсто, затоа што им поскапеле струјата, водата, гасот, но и намирниците.
Хрватските угостители предупредуваат дека некои нивни колеги од бизнисот во трката за да заработат повеќе точат вода од чешма и ја ставаат во стаклени шишиња, а на странците им ја продаваат како флаширана.