Љубчо Георгиевски: Бугарскиот литературен јазик почива на северноисточната норма
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2020 12:02
Претседателот на ВМРО-НП, Љубло Георгиевски, на Фејсбук напиша дека литературниот бугарски јазик почива, како пто вели поранешниот македонски премиер, на северноисточната норма.
Лидерот на партијата која е коалиционен партнер на владеачката група „Можеме“ сепак останува недоречен дали алудира на тоа дека официјалните јазици на Македонија и Бугарија немаат заедничка основа, но додава дека станува збор за катастрофална политика на соседот која ја води во изминатиот период.
„Од времето кога за официален јазик ја утврдија северноисточната норма на бугарскиот јазик па до денес секоја генерација на бугарски политичари успева да ја донесе најпогрешна одлука во поглед на Македонија.Ветото само ке биде континуитет на таквата катастрофална политика“, напиша Георгиевски.
Инаку пред извесен период тој беше испратен во политичка мисија во Софија во обид да се надмине спорот помеѓу Македонија и Бугарија во однос на исполнувањето на Договорот за добрососедство.
Лидерите на македонскиот државен врв во моментов се повеќе песимисти отколку оптимисти дека утре на Самитот на ГАК земјата ќе добие одобрување на преговарачката рамка со ЕУ.
Можеби ќе ве интересира
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти




