ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ЗА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА: Успешно се враќаме таму од кај што со маки излеговме
Објавено во: Македонија 09 Септември, 2024
Екс премиерот Љубчо Георгиевски по повод Денот на независноста на Македонија напиша коментар на Фејсбук.
„Честит Денот на независна Македонија! За оние кои не сакаат да знаат, отцепувањето беше од Југославија, поточно од силната прегратка на Србија. Но, гледам успешно се враќаме таму од кај што со маки излеговме“, пишува тој.
Повеќето политичари и амбасадори упатија пораки по повод Денот на независноста на Македонија. Но, остануваат забелешките дека Македонија и натаму има многу проблеми со кои треба да се справи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.