19 Декември, 2025
0.1002

ЉУПЧЕ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ НА ОПЕРАЦИЈА ВО ТУРЦИЈА: Потребна му е наша помош за „да има нормално детство“

Објавено во: Македонија 14 Август, 2023 11:16

Добивај вести на Viber

На малиот Љупче му е потребна помошта од македонскиот народ. 

На Фејсбук се споделува апел за помош на четиригодишното момченце кое е родено со искривување на рбетот, пропратено со други деформации. 

Љупче не може да ја добие потребната помош во Македонија, и треба да замине на оперција во Турција, но за истото да се случи на неговото семејство им се потребни многу пари, кои за жал ги немаат. 

Ова е Љупче, има 4 години и е роден со кифосколиоза ( искривување на 'рбетот за околу 45°) пропратено со други коскени малформации. За жал искривувањето се влошува секојдневно,и за да се запре потребни се неколку хируршки интервенции. Истите не можат да се изведат во Македонија,па затоа мора да се оперира во Турција. Финансиски не сме во можност да ја собереме потребната сума, и како што е вообичаено и пракса во Македонија, за жал, истите сме приморани да ги собираме на овој начин т.е. преку донации - стои во објавата на „Фејсбук, која веќе голем број граѓани ја пренесуваат, а воедно и ја поддржаа со донација.

Понатаму во објавата пишуа „Ве замолувам, кој е во можност да помогне и на некој начин да придонесе да може Љупче да расте и да има детство како и сите други дечиња.

Број на трансакциска сметка

240137118551584 Љупче Горгиев Уни Банка

IBAN : MK07240137118551584
SWIFT/BIC : UIBMMK22XXX

Броеви за донација

Телеком 143141
А1 143 482

Наскоро ќе има и линк од GoFundMe

Објавата може да ја видите и самите:


Објавата веќе предизвика лавина реакции од граѓаните, кои го споделуваат апелот за помош, но и донираат за што побрзо да се собере потребната сума. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот