Љупчо Палевски - Палчо уапсен пред да летне за Москва
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2019 10:57
Политичкиот активист Љупчо Палевски - Палчо, познат како дел од движењето за бојкотирање на референдумот за промена на уставното име, вчера е притворен во Белград во моментот кога сакал да се качи во авион и да отпатува во Москва. Станува збор за активирана потерница од Хрватска и во моментов членот на партијата „Глас за Македонија“ на Солза Грчева е во екстрадиционен притвор, објави „360 Степени“.
Тој е приведен од српската полиција на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ и во моментов се наоѓа во екстрадициски притвор, а информацијата ја потврди неговиот адвокат Васко Стојков, кој тврди дека Палевски во Москва требало да склучи бизнис-зделка. Палевски своевремено живеел во Хрватска, а според адвокатот, таму останал задолжен 2.500 евра и дека тоа било причината за потерница. Скопскиот бизнисмен има кривична пријава и во Македонија затоа што во април годинава на настан во Прилеп преку мегафон пушташе „бомби“, а сега е во екстрадициски притвор.
„Сомнително е како потерницата не била активна во 14,00 часот кога Палевски влегол во Србија од Македонија, а по само неколку часа тој е приведен од српската полиција. Уште почудно е што според информациите со кои располагам, потерницата датира од 2015 година. Палевски во изминатите години непречено патуваше во многу држави“,озјавил адвокатот Стојков, кој очекува Палевски да биде ослободен денес или утре.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




