Лоциран срушениот авион „Ер Алжир“
Објавено во: Свет 24 Јули, 2014 19:54
Два француски борбени авиони денеска лоцираа рушевини на алжирскиот авион кој се срушил над северниот дел на Мали со 110 патници и шест членови на екипажот. Ова за Фокус Њус го изјави неименуван извор од француското Министерство за одбрана.
Француските сили стационирани во Мали регистрирале остатоци на алжирскиот авион „AH5017“ на патот помеѓу градовите Гао и Кидал во пустинската и тешко пристапната област, објавено е на сајтот на аеродромот во Буркини Фасо. И „Раша Тудеј“ пренесува дека претставник од аеродромот за Ен-Би-Си ја потврдил веста за пронајдените рушевини.
Меѓу патниците имало 51 Французи, 27 државјани на Буркини Фасо, најмалку 20 Либанци, седум Алжирци, како и државјани на Канада, Украина и Луксембург, а сите шест членови на екипажот биле Шпанци, пренсеува АФП, повикувајќи се на извори од алжирско радио и шпанско здружени на пилоти.
Копманијата „Ер Алжир“ на Твотер наведува дека авионот изгледа се срушил во регионот Тилемски, 70 километри од Гао. Градот Гао се наоѓа на левиот брег на реката Нигер.
Ројтерс јавува дека алжирски извор потврдил дека авионот на летот AH5017 паднал, но одбил да дава било какви детали за причината, локацијата на падот и судбината на патниците.
Според алжирските медиуми сите патници и членови на екипажот загинале.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




