11 Декември, 2025
0.0310

Longines ја продолжува партнерската ера со Longines Global Champions Tour до 2032 - Божиновски часовници & накит дел од официјалното претставување во Прага

Објавено во: Мои пари 02 Декември, 2025 10:01

Добивај вести на Viber

Една од најзначајните соработки во светскиот коњички спорт доби продолжение. Longines и Longines Global Champions Tour официјално го обновија партнерството до 2032 година, потврдувајќи ја позицијата на брендот како Титуларен Партнер и Официјален Тајмкипер на најпрестижниот show jumping серијал во светот.

Продолжувањето на ова партнерство беше најавено во Прага, во неделата кога европската коњичка сцена го очекува финалето Longines Global Champions Tour Super Grand Prix, спектакл што ги собира победниците од сите Grand Prix етапи во едно финале исполнето со спортска прецизност и драматика.

Македонско присуство на настанот

На официјалната презентација во Прага присуствуваше и тимот на Божиновски часовници & накит, ексклузивен партнер на Longines за Македонија. Присуството на Божиновски на ова значајно претставување е продолжение на долгогодишната соработка со брендот, соработка што локално ја носи филозофијата на Longines: elegance, tradition & performance.

Партнерство што ја обликува современата историја на коњичкиот спорт

Од 2012 година наваму, соработката меѓу Longines и LGCT ја креираше визуелната и организациската култура на елитниот show jumping, претворајќи ги градовите како Париз, Monaco, Рим, Шангај и Ријад во отворени сцени на кои естетиката, прецизноста и спортската извонредност се на исто ниво.

Во официјалното соопштение, Patrick Aoun, CEO & President на Longines, истакна:
„Ова партнерство ги одразува нашите вредности: елеганција, традиција и перформанс. Заедно создаваме моменти што оставаат трага.“

Основачот на LGCT, Jan Tops, додаде:
„Longines е клучен дел од нашата мисија да го подигнеме шоу-скокот на ново ниво. Новата фаза значи повеќе иновација, повеќе глобално влијание и уште поголем раст.“

Longines и Божиновски – дел од иста приказна за елеганција и спортска прецизност

Присуството на Божиновски часовници & накит на светските претставувања на Longines ја зацврстува улогата на компанијата како македонски амбасадор на швајцарското часовничарство веќе три децении и на спортските вредности што брендот Longines ги гради повеќе од еден и пол век.

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација

„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час

Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето

Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето

„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка

„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка

Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања

Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања

Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна

Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна

Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници

Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници

Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари

Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари

ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ

ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ