ЛОТАРИЈА, БОНУСИ, БЕСПЛАТНИ БИЛЕТИ: Како земјите во регионот ги мотивираат граѓаните за вакцини
Објавено во: Македонија 27 Август, 2021
Повеќе земји на различни начини се обидуваат да го зголемат опсегот на вакцинација, а со тоа и да го заштитат населението. Слични мерки има и во сите земји од регионот, но најчесто тие не ги опфаќаат трговските центри. Претставници на трговците во моловите вчера побараа што поскоро укинување на рестрикциите за невакцинираните граѓани и што поскоро да се најде друго, алтернативно решение.
Како аргумент плус е и тоа што во повеќето земји од регионот, кампањите повеќе се насочени кон поттикнување на граѓаните на вакцинација, а затворањето на вратите на трговските центри за невакцинираните граѓани не беше нивен прв избор.
Во Романија, вакцинираните имаа пристап до културни и спортски настани, вакцинацијата беше задолжителна за следење на одредени настани, како на пример, летни фестивали и половина билети за еврокупот во фудбал на 16 натпревари што се играа во Букурешт од Франција и Швајцарија и можеа да се купат само од вакцинираните. Кога процентот на вакцинирани постепено опадна, властите се одлучија на алтернативни стратегии за стимулирање на вакцинацијата, од пунктови за вакцинација во трговските центри, со воспоставување на пунктови за имунизација на меѓународниот аеродром во Букурешт и дури нудеа бесплатни грицки во маркетите. Исто така, промовираа вакцинирање на врвните туристички места, коишто романските и туристите од ЕУ можеа да ги посетат без да плаќаат доколку истовремено се имунизираа.
Во Хрватска, каде што 38 проценти од вкупната популација е вакцинирана, некои органи ги поттикнуваат граѓаните да се вакцинираат со доделување бесплатни дневни билети за локалните спа центри и термални бањи. Кон крајот на јуни, Институтот за јавно здравје на Хрватска организираше бесплатни концерти за вакцинираните фанови по јавно примање на втората вакцина.
Во Словачка, помалку од 1.7 милиони имаат примено две вакцини до сега. За вакцинираните граѓани на Словачка ќе се организира неделна лотарија од 2 милиони евра, додека „посредниците“ кои што ќе убедат други луѓе да се вакцинираат ќе добијат провизија од 30 до 90 евра. Провизијата што ќе ја добијат ќе зависи од возраста на лицето што ќе го убедат; колку што е постар толку повеќе пари ќе заработат.
Во Полска, околу 35 проценти се целосно вакцинирани; исто така, ќе се организира национална лотарија за лицата кои ќе се пријават за вакцинирање. Со ова се нудат илјадници мали парични награди и месечни награди и две големи награди – автомобил и парична награда од милион злоту, еднакво на 200.000 евра.
Надвор од ЕУ, Србија, која е шампион во вакцинирање во регионот, добивајќи милиони вакцини од различни добавувачи, има вакцинирано над 40 проценти од популацијата. Но како што се намалува интересот, службените лица итно воведуваат нови за вакцинирање. Во мај, органите на луѓето им понудија пари за да се вакцинираат. Владата донесе Декрет на мерки за поттик за имунизација и превенција и прекинување на Ковид-19, што предвидува разумна финансиска награда од 3.000 динари, за граѓаните кои биле вакцинирани или би примиле најмалку прва вакцина до крајот на мај. Службените лица во Србија ги мотивираа граѓаните во многу околности да се вакцинираат, со фотографии на познати личности објавени во медиумите на пунктовите за вакцинирање. Во последните неколку месеци, некои претприемачи, исто така, нудеа бесплатни оброци, колачи, пијалаци за вакцинираните и финансиски поттик за вработените. Во сите трговски центри имаше пунктови за имунизација. Некои трговски центри нудеа ваучери на лицата коишто се вакцинираа во нивните молови.
Министерството за здравство на Црна Гора објави дека вработените во јавната администрација ќе добијат слободен ден откако ќе се вакцинираат. Исто така, беше објавено дека постарите вакцинирани лица во јули ќе добијат туристички ваучер од 50 евра.
Кампањата за вакцинација во Хрватска започна добро, но опадна, и владата размислуваше дека е потребна нова кампања, особено насочена кон неодлучните граѓани. Наместо да ги вклучат јавните и познатите личности, сметаа дека дел од парите треба да се потрошат на истражување на мотивите на неодлучните лица, нивните загрижености и размислувања. Во текот на пад на интересот во земјата, Премиерот апелираше да се вакцинираат што поголем број граѓани на Хрватска истакнувајќи го значењето на опоравување на економијата и туризмот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.