ЛОТАРИЈА: Падна гран-при џек-пот од 468.500 денари во КЕНО
Објавено во: Мои пари 01 Октомври, 2014 10:34
„Играм КЕНО откако почна во вашата обложувалница и имав претчувство дека кога-тогаш ќе имам добивка. Играм секој ден по неколку тикети, имам и мои среќни бројки кои ги вртам на сите тикети и понекогаш добивам, понекогаш не, но таква е играта“, раскажува Мустафа.
„Во вторникот одиграв неколку тикети и кога од последниот не беа извлечени моите бројки, го стуткав тикетот, но како да имав претчувство дека сепак може да бидам ’добитен’. Ги погледнав бројките кои беа извлечени во џек-потот и не можев да поверувам дека мојот тикет ми ја донесе главната премија, а тоа беше многу повеќе од тоа што очекував“, продолжува среќниот добитник.
Џек-потот стигна до 468.500 денари, а по одбиените даночни обврски, Мустафа подигна 421.650 денари или скоро 7000 евра.
„Знаев дека кога-тогаш ќе имам среќа во КЕНО. Ова е многу интересна игра, ќе продолжам да ја играм и да се надевам на други добивки. На сите можам да им порачам да почнат да играат КЕНО и да си ја бараат среќата, таа нема да дојде самата“, посакува Мустафа.
По исплатениот рекорден џек-пот, фондот за главната премија почна повторно да се полни и во моментов изнесува околу 30.000 денари. Бројките за КЕНО и КЕНО ГАЛАКСИ можете да ги уплатите на секои пет минути во уплатните места на SPORT LIFE обложувалници.
Имате одлична шанса во едно од 144-те кола секој ден да си ја побарате и сами вашата среќа! Вечерва во 79то коло на НОВОЛОТО, во 20ч на Сител Телевизија, Мустафа ќе и биде гостин на прекрасната водителка Марјана.
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?




