ПРИЈАВУВАЊЕТО ПОЧНУВА ОД ДЕНЕС
ЛОТАРИЈА ЗА „ЗЕЛЕНА КАРТА“-Каде да аплицирате?
Објавено во: Мои пари 04 Октомври, 2016 09:58
Како што најавивме пред некој ден, денеска и официјално почнуваат пријавувањата за зелена американска карта.
Лотаријата стартува вечерва во 18 часот, а завршува на 7-ми ноември 2016-та, понеделник, во 18 часот.
Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават на овој линк https://www.dvlottery.state.gov каде и ќе ги најдете сите инструкции .
Од амбасадата на САД посочуваат посебно внимание да посветите на овие работи:
За пријавување во програмата не се плаќа административна такса.
Чувајте ја вашата потврдна страница откако ќе завршите со пријавувањето, за да може да го проверите вашиот статус.
Зачувајте го вашиот единствен број од потврдата најмалку до 30-ти септември 2018-та година. Овој број е единствениот начин преку кој ќе можете да проверите дали сте избрани.
Мора да се пријавите со нова фотографија, направена во последните шест месеци. Доколку користите стара фитиграфија, ќе бидете дисквалификувани.
Може да се пријавите само еднаш.
Треба да проверите дали сте избрани на 2-ри мај 2017-та година.
Стејт Департментот нема да ве контактира преку електронска пошта.
Доколку добиете електронска пошта која ви кажува дека сте биле избрани, тоа е измама.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




