Louis Latour винска приказна која го носи вкусот на Бургундија во ресторанот Salvatore
Објавено во: Мои пари 01 Декември, 2025 14:49
Во
декемвриската магија на Скопје, љубителите на виното ќе имаат можност да
доживеат вечер која го спојува најдоброто од винската традиција, гастрономијата
и културниот рафиниран вкус. На 10 декември, среда
во елегантниот амбинет ресторанот Salvatoreќе биде домаќин на специјална винска вечер
посветена на едно од највлијателните имиња во винската историја на Бургундија, Louis Latour.
Преку
совршено усогласени вкусови, вечерта ќе ја раскаже вековната винска
приказна на Louis Latour.
Настанот ќе го модерира и води професионалниот сомелиер Јадранка Клариќ Кимовска, која ќе ги воведе гостите во светот на дегустацијата. Специјаленгостинќе биде Thomas Lignier,
Export Area Manager воLouis Latour, кој со своето
долгогодишно искуство игра значајна улога во меѓународното претставување на
овој реномиран бургундски бренд. Токму за оваа пригода, тој ќе го претстави
изборот на вина, приказните зад секоја етикета и богатата историја што ја прави
Louis Latour еден од најпочитуваните имиња во светот на виното. За совршеното
food pairing ќе се
погрижи Chef Giovanni,
кој ќе подготви
специјално мени инспирирано од француската кујна, создадено да ги нагласи
ароматските карактеристики на секое вино.
Вечерта која е во организација на Alchemist (официјален увозник на Louis Latour во Македонија) ќе биде збогатена и
со музичка програма коja ќе создаде софистицирана
атмосфера за целосно уживање. Со ограничен број места и исклучителен избор од
винското наследство на Louis Latour, настанот ветува уникатно искуство кое
долго ќе се памети.
Добредојдени сте да бидете дел од една
незаборавна вечер каде што виното, приказната и атмосферата се спојуваат во
совршена хармонија.
Карти за настанот можете да набавите во рестораните SushiCo, SushiCo
Zen и Salvatore,
или да направите резервација преку порака на социјалните мрежи на Alchemist MK.
Cheers!
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 декември изнесува 122,75 евра за мегават час, на МЕМО 114,52 евра за мегават час
Фросина Пармаковска: „Кривата Дијана“ е роман за магичниот круг на вината и траумите, но и за простувањето
„Празници со 0% камата“ – „Мастеркард“ кредитна картичка од ПроКредит Банка
Во пресрет на празниците: Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка празнична кампања
Новоотворениот комплекс Gold Felicia Тетово повторно со богата неделна
Халкбанк ја овозможи услугата Apple Pay за своите корисници
Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари
ПРАЗНИЧНА ВЛТ ЏЕКПОТ МАГИЈА: ВО СТРУМИЦА ОСВОЕН ПРВИОТ РОЈАЛ ЏЕКПОТ ВРЕДЕН 9.389.545 ДЕНАРИ




