ЛУФТАНЗА СЕ УШТЕ Е ВО НЕВОЛЈА - останува на плановите да скрати една петтина од менаџерите
Објавено во: Свет 26 Јануари, 2025
Луфтханза планира да се врати на профитабилноста, но има уште многу работа и покрај првичниот успех на нејзиниот план за реструктуирање, изјави извршниот директор Јенс Ритер.
Луфтханза сака да биде водечка премиум авиокомпанија во Европа „и секако, повторно профитабилна“, рече Ритер.
„И покрај многуте позитивни случувања во последните неколку месеци, се уште не сме стигнале до таа цел“, додал директорот на германската авиокомпанија, пренесува порталот Бизнис.
Главниот бренд Луфтханза моментално претставува проблематичен дел од групацијата Луфтханза. Програмата за реструктуирање треба да ја подобри профитабилноста на компанијата со две третини од подобрувањето што доаѓа од намалувањето на трошоците и една третина од зголемената продажба.
Германски гигант отпушта административни работници
Компанијата има дефинирано повеќе од 600 мерки во сите сектори за враќање на профитабилноста. Луфтханза во ноември објави дека ќе намали една петтина од своите менаџерски позиции, што претставува околу 400 вработени.