18 Февруари, 2025
0.0289

ТРАМП Е УПОРЕН, НЕ СЕ ОТКАЖУВА! „Америка ќе ја преземе контролата врз Гренланд, само ние можеме да им дадеме слобода, Данска не може“ (ВИДЕО)

Објавено во: Свет 26 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти САД ќе ја преземат контролата врз Гренланд, откако го преиспита неговиот интерес и погледот кон автономната данска територија во последните неколку недели.

„Мислам дека ќе го имаме“, им рече тој на новинарите, додавајќи дека 57.000 жители на островот „сакаат да бидат со нас“.

Неговите коментари доаѓаат по извештаите дека данската премиерка Мете Фредериксен инсистирала дека Гренланд не е на продажба во жесток телефонски разговор со американскиот претседател минатата недела.

Трамп за време на неговиот прв мандат во 2019 година ги истакна изгледите за купување на огромната арктичка територија и рече дека американската контрола врз Гренланд е „апсолутна неопходност“ за меѓународната безбедност.

- Мислам дека луѓето сакаат да бидат со нас. Не знам зошто Данска има право на тоа, но би било многу непријателски да не се дозволи тоа да се случи, бидејќи тоа е со цел да се заштити слободниот свет. Мислам дека ќе го добиеме Гренланд бидејќи тоа има врска со слободата на светот. Не можат - одговори Трамп.

Во меѓувреме, данската премиерка Мете Фредериксен изјави претходно овој месец дека „Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните“ и дека само локалното население може да ја одреди нејзината иднина.

Фредериксен ја потврди својата позиција во 45-минутниот телефонски разговор со Трамп минатата недела, според извештајот на Фајненшл Тајмс.

Весникот цитираше анонимен европски функционер дека разговорот бил „страшен“, а друг дека интересот на Трамп за купување на Гренланд е „сериозен и потенцијално многу опасен“.

Данскиот премиер, наводно, инсистирал дека островот не е на продажба, но забележал „голем интерес“ од САД за него.

Гренланд лежи на најкратката рута од Северна Америка до Европа, што го прави стратешки важен за САД.

Во него се наоѓа и голем американски вселенски објект.

Во последниве години, има зголемен интерес за природните ресурси на Гренланд, вклучително и ископувањето на минерали од ретки земји, ураниум и железо. Иако островот има широка автономија, сепак е дел од Кралството Данска.

Во Гренланд постои општ консензус дека тој на крајот би можел да стане независен, што би можело да го отвори патот за нов вид на односи со САД. Тврдењето на Трамп дека Гренландците „сакаат да бидат со нас“ може да биде изненадување за многу жители на островот.

Капетанот на рибарски брод во населбата Каписилит изјави за Би-Би-Си дека Трамп е „добредојден да го посети“ островот, но дека „Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните“.

Старешината на локалната црква Калерак Рингстед рече дека јазикот на Трамп „не е прифатлив“, додавајќи дека „Гренланд не е на продажба“.


Постојат неколку начини на кои Трамп би можел да ја постигне својата желба да ја добие територијата на Гренланд.

Запрашан претходно во јануари дали може да ја исклучи употребата на воена или економска сила, Трамп рече дека не може.

Неговите неодамнешни коментари испратија шокантни бранови во данскиот политички естаблишмент, предизвикувајќи набрзина договорени состаноци на високо ниво во Копенхаген претходно овој месец, јавува Би-Би-Си.

Фото: Принтскрин/Јутуб

Можеби ќе ве интересира

„ВИСЕВМЕ КАКО ЛИЛЈАЦИ“: патниците и членовите на екипажот ја преживеаја авионската несреќа во Торонто, има повредени (ВИДЕО)

„ВИСЕВМЕ КАКО ЛИЛЈАЦИ“: патниците и членовите на екипажот ја преживеаја авионската несреќа во Торонто, има повредени (ВИДЕО)

ОВА Е НАЈЗНАЧАЈНАТА СРЕДБА МЕЃУ САД И РУСИЈА: Денес почнуваат разговорите меѓу двете земји

ОВА Е НАЈЗНАЧАЈНАТА СРЕДБА МЕЃУ САД И РУСИЈА: Денес почнуваат разговорите меѓу двете земји

ЕВРОПА ЗАБРЗАНО СЕ ВООРУЖУВА: Се очекуваат големи инвестиции во одбраната

ЕВРОПА ЗАБРЗАНО СЕ ВООРУЖУВА: Се очекуваат големи инвестиции во одбраната

МОЖЕМЕ ДА ЗДИВНЕМЕ: ЕУ објави дека се одложува примената на системот ЕТИАС

МОЖЕМЕ ДА ЗДИВНЕМЕ: ЕУ објави дека се одложува примената на системот ЕТИАС

СЕ БАРА РЕШЕНИЕ ЗА УКРАИНА: Кои земји се спремни да пратат војници?

СЕ БАРА РЕШЕНИЕ ЗА УКРАИНА: Кои земји се спремни да пратат војници?

ЛИСТА НА ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ СО НАЈЧИСТ ВОЗДУХ: Кој е на врвот?

ЛИСТА НА ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ СО НАЈЧИСТ ВОЗДУХ: Кој е на врвот?

(ВИДЕО) ТУРЧИНКА ГО ОБОЖАВА ЕРДОГАН: Неговите очи ги истетовира на своето чело

(ВИДЕО) ТУРЧИНКА ГО ОБОЖАВА ЕРДОГАН: Неговите очи ги истетовира на своето чело

КОИ ТУМОРИ ЌЕ СТАНАТ АГРЕСИВНИ: Научниците пронајдоа начин да предвидат

КОИ ТУМОРИ ЌЕ СТАНАТ АГРЕСИВНИ: Научниците пронајдоа начин да предвидат

„ПОСТОЈАНО ДОЛЕВААТ МАСЛО НА ОГНОТ“ Сијарто удри по европските лидери пред итниот состанок во Париз

„ПОСТОЈАНО ДОЛЕВААТ МАСЛО НА ОГНОТ“ Сијарто удри по европските лидери пред итниот состанок во Париз