ЛУЃЕТО МАСОВНО ВЛОЖУВААТ: Биткоинот е пред нова експлозија

Објавено во: Економија 24 Април, 2018 15:39
Експертите веруваат дека вредноста на биткоинот ќе продолжи да расте додека не забележи нова вредносна експлозија, поголема од онаа забележана на крајот од минатата година.
Аналитичарите се убедени дека веќе од наредниот месец нема да можете да купите биткоин по цена помала од 10.000 долари никогаш повеќе, а во прилог им оди и порастот на вредноста од преку 15% во последната недела.
Велат дека она што дава позитивни знаци за нов раст на вредноста е континуираниот пораст на вредноста во првите три месеци од оваа година, како и фактот дека вредноста на биткоин се искачи на 9.000 долари по токен за првпат по март оваа година.
Поради овој факт луѓе од целиот свет засилено вложуваат во оваа криптовалута. Според магазинот Cryptoslate, нарачките за оваа валута пораснале за 92% од почетокот на месец март 2017 година. Тогаш вредноста на биткоинот беше 1.000 долари, а до крајот на календарската година таа порасна на дури 20.000 долари.
„Покрај толку многу нарачки и заинтересираност, пораст на вредноста на биткоинот е скоро загарантирана, скоро неизбежна“- пишува во извештајот на Cryptoslate.
Инаку, во меѓувреме две од најголемите трговски платформи на криптовалути во светот планираат малата европска земја Малта да биде центар на нивните операции, а аналитичарите велат дека и други сигурно ќе го следат нивниот пример, пишува „Bloomberg“ во своја анализа.
Можеби ќе ве интересира
Од април вработените во основните и средни училишта со зголемена плата

ЌЕ СЕ ДЕЛАТ НАТПРОСЕЧНИ ПЛАТИ? „Магна“ започнува со работа во Штип од следната недела

Зголемување на минималната плата во Грција од 1 април

Работната саатница во ЕУ во 2024 најмногу пораснала во Хрватска

САД уште еднаш ги одложи санкциите кон српската НИС

ВМРО-ДПМНЕ го нападна и синдикалецот Деаноски: Платата му била 104.000 денари

Рама: Сувите пристаништа на „Порто Романо“ ќе бидат во Приштина и Скопје

ИТАЛИЈАНСКИОТ ГИГАНТ ГИ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНИТЕ НА НЕКОИ МОДЕЛИ ЗА 10 ОТСТО: Ова е обид да се ублажат царините на Трамп
