ЛУЃЕТО ВО СРБИЈА СЕ ОПУШТИЈА: Болниците се полнат, а тешките случаи ги загрижуваат лекарите
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 12 Февруари, 2021
Во Србија болниците повторно се полни и стигнуваат се потешки случаи.
Се зголемува и бројот на заразени со коронавирусот. Расте бројот на хоспитализирани пациенти заболени од Ковид-19, вели директорот на Клиниката за инфективни и тропски болести д-р Горан Стевановиќ, по состанокот со министерот за здравство.
„Многу сме загрижени за ситуацијата. Имавме тренд на опаѓање, паѓаше бројот на луѓе на болничко лекување, а благодарение на тоа, еден дел од здравствениот систем особено вон Белград, полека се враќаше кон нормално функционирање, надвор од ковид системот“, изјави тој.
Стевановиќ вели дека на сите ни е смачено затоа што ковид кризата трае една година, но не е време за опуштање. Тој истакна дека е потребно лицето да ги прими двете дози на вакцината, а потоа од 10 до 15 дена да се смета за имунизирано и соодветно заштитено од корона вирусот. Рече дека имало и луѓе кои по примањето на првата доза од вакцините се заразиле. Во последните 24 часа во Србија се тестирани 11.699 лица за коронавирусот, од кои 1.928 биле позитивни, додека починале 16 лица. Дел од лекарите алармираа луѓето да не се опуштаат, затоа што бројката на заболени на дневна основа стигнува и до 2.000.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.