„Лукоил“ ќе ги продава своите меѓународни подружници поради санкциите
Објавено во: Економија 27 Октомври, 2025 21:12
Руската нафтена групација „Лукоил“ денеска соопшти дека има намера да ги продаде своите меѓународни активи, како резултат на „воведувањето рестриктивни мерки против компанијата и нејзините подружници од страна на некои држави“.
Соопштението е објавено на веб-страницата.

Компанијата дополнува дека веќе е започнато разгледување на понудите од потенцијални купувачи.
Продажбата на имотот се спроведува во согласност со лиценцата за прекин на дејноста, издадена од Канцеларијата за контрола на странскиот имот (ОФАК) при Министерството за финансии на САД. Од „Лукоил“ планираат да поднесат барање за продолжување на лиценцата, доколку тоа е неопходно за да се обезбеди непрекината работа на нејзините меѓународни активи, се додава во соопштението.
САД минатата недела воведоа санкции против двете најголеми руски нафтени компании, „Роснефт“ и „Лукоил“, поради војната во Украина.
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




