05 Декември, 2025
0.0265

М-Р ТОНИ ЈАНКОВСКИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: УО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА – СЕРИОЗНО ФУНКЦИОНАЛНО ТЕЛО СО СИЛНА РЕПРЕЗЕНТАТИВНОСТ

Објавено во: Мои пари 17 Ноември, 2025 09:02

Добивај вести на Viber

„Во време на брзи промени технолошките вештини се неопходни и секој човек ќе мора да ги поседува, без разлика на формалното образование, за да може да придонесува и да просперира во општеството“, изјави м-р Тони Јанковски, директор за развој на производи и иновации во „Дајнерс клуб Македонија“ Скопје, во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески.

Според него, дигитализацијата е неминовен процес кој полесно и побргу го прифаќаат помладите генерации и кој го приспособува својот начин на функционирање на дигиталните алатки.

Како претставник на помладата генерација, запрашан за причините за иселување на младите, м-р Јанковски ја објасни мотивацијата на младите за заминување во странство: желбата за полесен и побрз пат до успехот, можноста за лесна заработувачка и за работа од дома, избегнувањето тешки ситуации и преговарања, како и исполнувањето на задачите со минимален напор, што им го овозможува работата во странство.

Во текот на разговорот Јанковски истакна три клучни промени што би ги направил за развој на државата: 1) промени во образованието преку следење на модерните трендови; 2) воспоставување вредности базирани на искуство, знаење и професионалност, без партиско влијание и со наградување на успехот врз основа на резултатите и 3) прогнозирање и планирање за наредните години според постигнатите резултати.

Во време на брз развој на технологијата и дигитализацијата, запрашан каде ја гледа својата фирма по десет години, м-р Јанковски посочи дека иднината е во дигитализирањето на процесите, користењето на вештачката интелигенција и обезбедувањето достапни услуги 24/7, без човечки грешки, но секогаш со човечка контрола.

„Технологијата не значи заменување на луѓето, туку нивна преквалификација и доквалификација за нејзино користење. Потребна е технолошка писменост за ефикасно да се користат алатките што се на располагање и да се контролираат“, нагласи Јанковски.

Според него, мора да се обезбеди безбеден систем на функционирање, но и на почитување на регулативите и стандардите, со цел заштита на податоците со кои располагаат според дејноста на неговата фирма.

Во продолжение на поткастот, како член на Управниот одбор на Стопанската комора, м-р Јанковски оцени дека Управниот одбор на Стопанската комора е:

„Сериозно функционално тело со добра репрезентативност на стопанскиот сектор и на различните стопански гранки, во кое отворено се дискутира и се решаваат реални проблеми. Составот е од реализирани луѓе кои имаат изградено нешто, но кои сè уште се во процес на градење на своите фирми и на своите приказни. Има критична маса за работа“, изјави Тони Јанковски.

Како дел од тоа тело, Јанковски истакна дека работи на: 1) задржување на кадарот и на негово обучување уште во универзитетските клупи, за да може по завршувањето да се вклучи во работните процеси; 2) експертиза и користење на надворешните контакти за позитивни искуства и инвестиции и 3) забрзана дигитализација и вмрежување на бизнисите. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници