МАЧЕЛ ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ: Руски генерал загина во Украина
Објавено во: Свет 08 Ноември, 2024
Уште еден руски генерал загина во Украина.
Станува збор за генерал-мајор Павел Клименко, командант на 5-та моторизирана бригада Доњецк. Веста за смртта на Клименко ја објави истражувачкиот портал „Важни историски“ на својот профил на Телеграм, истакнувајќи дека тој загинал во средата под сè уште неразјаснети околности. Информацијата ја објави порталот Астра, наведувајќи дека се работи за човек кој организирал комора за мачење на војници во украинската област Доњецк. Клименко e тринаесеттиот генерал кој загинал од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.