19 Декември, 2025
0.0672

„МАФИЈАШКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ДУИ ПОТТИКНУВА ЕТНИЧКО НЕТРПЕНИЕ“: Најчевска за нивните тврдења дека се спроведува антиалбанска политика

Објавено во: Македонија 14 Јули, 2025 10:16

Добивај вести на Viber

Професорката Мирјана Најчевска тврди дека ДУИ поттикнува меѓуетнички тензии со тврдењата дека во земјава се спроведува антиалбанска стратегија.
Според мафијашката организација регистрирана како политичка партија со назив ДУИ во Македонија се спроведува антиалбанска стратегија на повеќе нивоа:

• преку игнорирање на политичкиот легитимитет на Албанците,

Бидејки на територијата на Македонија има политички партии во кои членуваат мнозинство етнички Албанци и на сите нивоа на власта има на раководни позиции етнички Албанци не знам што подразбираат под политички легитемитет на Албанците.

• преку непочитување на принципот на Бадентер,

Бадентер се применува специфично во конкретни области и за конкретна содржина поврзана со културата и идентитетот на конкретна етничка заедница, а не е општ принцип за донесување на сите решенија, така што не сум сигурна на кој начин и кога е прекршен.

• преку укинување на балансерот,

Балансерот е препознаен од меѓународната заедница како несоодветен, спротивен на мерит системот и лесен за злоупотреба од страна на политичките партии за партизација на сите сфери на администрацијата, така што неговото укинување е позитивен чекор во насока на професионализација на администрацијата.

• и преку целосно прекршување на правичната и соодветна застапеност во државните и јавните институции.

Би сакала да слушнам каде тоа се нарушува принципот на правична и соодветна застапеност. Во секој случај правичната и соодветна застапеност се дел од афирмативните мерки кои во одреден момент треба да престанат да постојат и секако не смеат да бидат употребени на начин кој ја негира стручноста и професионалноста.

Со вакви паушални изјави мафијашката организација регистрирана како политичка партија со име ДУИ поттикнува етничко нетрпение на бранот на кое ја гради основата за свое евентуално повторно освојување на власта“, напиша таа.




Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните