16 Мај, 2024
0.0285

МАЈА СТЕВКОВА ШТЕРИЕВА, ЧЛЕН НА УО НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МБА: Кредитирањето од банките ќе расте, но со забавена динамика

Објавено во: Финансии 29 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Со надеж за нова поуспешна година, со желби за подобро здравје за сите, крајот на оваа година традиционално го одбележуваме со серија обраќања на познати бизнисмени, банкари, претприемачи, директори на компании, брокери, или со еден збор сите релевантни чинители од домашната деловната заедница.

Неизвесноста која се наметна со пандемијата, продолжи низ годините, сега, пак, најмногу изразена преку високите цени на енергенсите и инфлацијата. Фактор во деновите пред и после Новата година со читателите ги споделува обраќањата на првите луѓе на најуспешните компании, фондови, консултанстки друштва...

Денеска ги пренесуваме за вас впечатоците и очекувањата на д-р Маја Стевкова Штериева, член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје и претседател на Македонската банкарска асоцијација.

Сведоци сме на голема неизвесност, поради која и ризиците се големи. Пазарите се нарушени и понудата и побарувачката за голем број производи се во дебаланс, што предизвикува постојана нестабилност на цените. Ризикот од пандемијата е заменет со ризик од инфлација и проблеми во синџирите на снабдување со енергија, што предизвикува зголемување на цената. Овие состојби налагаат големо внимание во управувањето со ризиците кај банките, но и кај останатите субјекти за да се спречи влошување на платежната способност.

Во вакви услови, банкарскиот сектор во земјава со својата капитализираност обезбедува стабилност, која пак е директно зависна од остварената добивка на банките и од делот од добивката што се издвојува во резерви. Со својата стабилност и транспарентност, банкарскиот сектор продолжува да има уникатна улога во економијата затоа што е прв избор и за населението и за компаниите како депоненти и кредитокорисници. Верувам дека со воспоставениот однос на доверба и поддршка заедно ќе успееме да ја надминеме и оваа криза, од која произлегуваат и нови предизвици.

Очекувања за наредната година

И понатаму ќе се соочуваме со раст на цените на енергенсите, затегнување на условите на меѓународните финансиски пазари, веројатно забавување на извозната динамика, но и со намалена лична потрошувачка на домашниот пазар како резултат на помал реален расположив доход. Кредитирањето од банкарскиот сектор и понатаму ќе расте, но со забавена динамика, особено ако се земе предвид дека кредитите во изминатиот период имаа пораст и до 10 отсто. Во услови на зголемени каматни стапки, очекуван е и натамошен раст на депозитите. 

Интересна новина што за наредната година ја планира банката

Особено ме радува фактот што и во кризни услови и силно изразени неизвесности банките интензивно и одговорно се посветија на процесот на дигитализација, а сѐ со цел обезбедување нови, поквалитетни и подобри услуги за корисниците. Тоа го овозможува и услугата електронска идентификација OneID, која наскоро ќе ја понуди Комерцијална банка, а очекуваме да ја понудат и други банки. Електронската идентификација OneID претставува современо дигитално решение, кое се воведува преку соработка на банките, Некстсенс и КИБС АД Скопје. На задоволство на клиентите и на наше огромно задоволство заедно влегуваме во новата димензија на дигиталните услуги.

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!