Добивај вести на Viber
Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг , кој наскоро ќе ја напушти функцијата по 12 години управување на метрополата, е решен да ги предаде искуствата од управувањето со градот и на други места во светот.
Блумберг создал силна консултантска група која ќе работи на т.н. глобално градоначалствување, чија цел е да ја подобри урбаната средина и условите за живот во други големи градови како што Луисвил , Кентаки , или Мексико Сити, пишува "Њујорк тајмс ".
Организацијата Bloomberg Associates се финансира целосно од Блумберг и нема да зема пари од градовите во кои ќе работи.
Ова е прв конкретен проект на кој Блумберг најавува дека ќе работи откако ја напушти градоначалничката функција во Њујорк . Идејата му е да ја фокусира работата на организацијата во општини , кои имаат тенденција да ги следат приложените од него идеи при управувањето на Њујорк.
Ние знаеме дека постојат многу градови кои би сакале да учат од искуствата на Њујорк , објаснува Аманда Бардон - директор на урбанистичкото планирање во администрацијата на Блумберг, која исто така ќе се приклучи на тимот на новата консултантска група.
Bloomberg Associates ќе работи како урбан специјалец кој ќе ги решава испреплетените, долгорочни проблеми, како на пример, како да се претвори разурнат и загаден брег во пријатно место за прошетки или пак како периферијата на градот да се поврзе со метрото и да се претвори во пријатно место за живеење .
Засега нема многу детали за идната работа на организацијата . Се знае единствено дека годишниот буџет ќе биде десетици милиони долари. Кон групата ќе се приклучат 20-25 лица - во поголемиот дел од најблиските експерти на Блумберг со кои тој работел во управата на Њујорк .
Директор на Bloomberg Associates ќе биде Џорџ Фертита, сега извршен директор на градската туристичка агенција.