02 Мај, 2024
0.2650

„Мајсторлукот“ на Ставрески во изборната математика на ВМРО ДПМНЕ

Објавено во: Економија, Колумни 14 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Како што тргнал Ставрески рафално со изјавите, до 5 јуни Македонија ќе ја преобрази во економски тигар на Европа. Така ноншалантно ги толкува економските податоци, да човек си помисли дека економијата туку што „не полетала“, само што ние обичните смртници тоа не можеме да го разбереме. Но, тука Ставрески има мал проблем. Токму тој е човекот  кој најпластично го опиша карактерот на економските политики на власта, оние политики кои сега безрезервно ги поддржува и во чии резултати се колнe. Разликата  е „мала“. Тогаш критиката дека  „ние сме лудаци, се троши на чоколадо, а се нема за леб“ беше изречена во излив на искреност во телефонски разговор на блиска пријателка,  а сега тврдењата за успесите ги прави на јавна сцена и тоа на провладини медиуми каде нема место за потпрашања. Ставрески јавно се пофали дека економскиот раст во минатата година се зголемил за 3,7% во однос на претходната. Во јануарскиот раст на индустриското производство од 8% тој дури виде и основа за очекување на успешна година на економски план. Подетално се задржа и на објавата од Државниот завод за статистика кој на крајот на минатата година регистрира најниска стапка на невработеност од 24,6%. Не можам да верувам дека Ставрески, деклариран експерт, верува во сопствената изјава за „извонредните економски резултати“. Тој знае дека од податоците истргнати од трендовите тоа не може да се заклучи. Особено поради тоа што точно знае со каква намера и со кои средства се „истуркаа“ споменатите стапки и колкав е нивниот дострел, колку ќе траат. Очигледно е дека политичарот Ставрески, вклештен меѓу совеста и уценетата лојалност (само тој знае заради што) кон лидерот, се става во функција на веќе интензивната изборна кампања на неговата партија за стекнување доверба кај граѓаните. За жал, тој веќе нема други алатки во негова надлежност кои може да ги понуди за да го  зголеми оптимизмот на членството и да го одоброволи лидерот. Интензивирањето на буџетската потрошувачка пред изборите  е единствен негов придонес кон „исклучителните економски резултати“, а  не му е битно, дали „мајсторлукот“ ќе заврши како во сентенцата „држи воду док мајстори оду“ т.е. додека изборите  поминат. А потоа, кому му е тоа важно? Во јавноста веќе е апсолвирано дека динамиката на растот на БДП во минатата година е последица на екстензивните активности во градежништвото, особено во патната инфраструктура, чии ефекти врз растот траат додека трае изградбата. Со еднодневно прокрстување со кола низ Македонија ќе се види дека земјата е раскопана  за идните патишта. На кого му притребало, бившиот премиер му ветил. А оперативата, исполнува барем кога се работи за изведување на земјени работи на патиштата (најевтината градежна работа).  Ветено-отпочнато. Дали и со кои пари ќе се заврши друг нека му ја мисли, затоа што освен за автопатните правци нема финансиска конструкција  за другите патни правци. Не треба подлабока анализа за да утврдите дека ни Ставрески не знае кога може да се очекува раскопаните патни правци да се асвалтираат и да се стават во функција. Да не споменуваме за анемичноста во другите производни сектори во стопанството. За да го поправи впечатокот за енормното учество на градежништвото во остварувањето на БДП во минатата година, Ставрески во јануарскиот раст на индустриското производство од 8% виде основа за очекување на „успешна година“ на економски план. А сигурно знае дека тој податок нема такво значење, ако се има предвид дека во првиот квартал во минатата година индустриското производство оствари раст од само 1,5%. Тоа значи дека  ист обем на производство како во јануари во вториот квартал ќе биде уште поголемо, бидејќи просечниот раст на индустриското производство во тој квартал изнесуваше само 0,1%. Значи, многу е рано во споменатиот пораст на индустриското производство да гледаме и успешна година. Министерот - научник не би се егзалтирал толку со најниската стапка на невработеност, бидејќи добро знае врз која основа е постигната. Пропагандистите на „проектите за вработување“ се потсмеваат на акциите за вработување во социјализмот, а не разбраа дека  во сегашните вработувања има поголеми дубиози отколку во претходните. Заедничко им е што во двата случаи вработувањата се надвор од економската логика на вработување, а се разликуваат во тоа што ланските интензивни вработувања се реализираат со плати малку повисоки од минималните, а персоналниот данок и придонесите треба да ги субвенционира државата од буџетот. Гревот на министерот  е што тој свесно влегува во процес на уривање на пензискиот систем, од проста причина што на Ставрески повеќе од јасно му е дека оваа економија нема капацитет да ги субвенционира новите вработувања, туку, сега само врши премостување на обврските за подобри времиња кои никогаш нема да дојдат со ваква политика. Нема сомнение дека дел од изборните намери на власта  ќе се остварат, меѓутоа, за решавање на проблемот на невработеноста во земјата ќе мора да се направат посериозни зафати во стратегијата на развој. А пред тоа треба да се објасни неусогласеноста на намалувањето на бројот на невработените со бројот  на нововбработените. Бројот на невработените се намали за 32.000, а бројот на вработените се зголеми за 20.000. Каде се 12.000 од невработените? Со оваа динамика на елиминација на дел од невработените набрзо можеме да очекуваме уште пониски стапки на невработеност! Вистинската слабост на аргументацијата за извонредните резултати, всушност, се гледа во се‘ она за што не зборува  министерот. А тој не зборува за тоа, бидејќи зад „извонредните резултати“ стои влошувањето на клучните параметри од неопходната финансиска консолидација на земјата: се интензивира растот на јавниот долг, приливот на странски инвестиции е најмал во последните три години, се намалува обемот на размената, се зголемува дефицитот  во фондот на ПИОМ, се ѕидаат загуби во јавните претпријатија и институции, се намалуваат буџетските приходи по основ на ДДВ... Сето ова ја менува предизборната слика на економската ситуација во земјата. Да не зборуваме за потребата од промена на развојната стратегија.  Министерот ова секако го знае, меѓутоа, редно е научникот во него и да го каже тоа. Освен ако научникот е без интегритет. Ама тогаш не е научник. Тогаш е само „извршител“ кој своето знаење слугински го злоупотребува во остварувањето на личните интереси, интересите на лидерот и „крлежите“ во партијата. Впрочем, игнорирањето на науката само води во провалија од која враќање нема и за таквите како Ставрески и за народот кој дозволил да го водат импровизотори. Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?